Данела Арсовска на глобалниот настан за градоначалници во Вашингтон, мајката на Скопје избрана за еден од 7 членови на Управниот одбор кои ќе раководат со организацијата

October 20, 2023
1 min read

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на глобалниот настан за градоначалници CityLab 2023 во Вашингтон во организација на „Bloomberg“ оствари средби со градоначалници од САД, креатори на политики, урбани експерти и иноватори, посветени кон изнаоѓање заеднички конкретни решенија за справување со предизвиците со кои се соочуваат градовите.

Воедно на Генералното собрание на Глобалниот парламент на градоначалници кое се одржа вчера, градоначалниците од Америка, Европа, Азија, Блискиот исток и Африка, едногласно ја избраа градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска за еден од 7 членови на Управниот одбор кои ќе раководат со организацијата во следните години.

Управниот одбор, како раководно тело на Глобалниот парламент на градоначалници има за цел да одлучува за стратешките насоки, политики и заложби на градоначалниците, и преку вмрежување да делува со конкретни заеднички проекти кон овозможување поголема инклузивност и одржливост на градовите на глобално ниво.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Изложбата „Париски нацртан филм“ од Јана Манева- Чупоска се отвора денеска во македонската амбасада во Париз

Следно

Како би се барала политичка одговорност доколку лицето повеќе не е на функција? Одговара претседателката на Анкетната комисија, Мизрахи

Latest from Blog

Стотици муслимани упаднаа во христијански град во Сирија и направија пустош (ВИДЕО)

Нападите во претежно христијанскиот град Сукајлабија во покраината Хама се најновите во серијата напади насочени кон припадници на христијанското малцинство во Сирија. Многу христијани ја напуштија земјата од почетокот на конфликтот пред
Go toTop