Дамева се враќа на функцијата – Судски совет ја прифати оставката на претседателот Сашко Георгиев

January 3, 2024
1 min read

реклама


 Судскиот совет денеска на итна седница го прифати барањето за оставка на претседателот Сашко Георгиев, а согласно пресудата на Управен суд, одлучи да ја врати на функција поранешната претседателка Весна Дамева, која беше разрешена во мај минатата година.

Георгиев во своето излагање на денешната седница, покрај ретроспективата за неговото назначување и искуството како претседател, нагласи дека неговото назначување воопшто не е дел од пресудата на Управен.

реклама

– Вчера ја добивме одлуката од Управен суд. Сметам дека е потребно да истакнам дека мојот избор за претседател не е воопшто предмет на оваа пресуда, рече тој.

Дополни дека немал никакви притисоци и влијанија, и како што рече, „исклучително совесно, професионално и одговорно работев и го претставував Советот“.

реклама

– Сум можел и сме можеле уште многу повеќе и многу подобро, рече тој.

Заменик претседателот на Судскот совет, Ханиф Зендели, по неговото излагање констатираше дека нема потреба од расправа бидејќи станува збор за барање за оставка и посочи дека на Георгиев му престанува мандатот со денешниот датум.

реклама

– Останува како член да ја извршува својата обврска додека му трае мандатот, рече тој.

Во однос на точката за постапување по пресудата од Управен суд со која се поништува одлуката на Судски совет за разрешување на поранешната претседателка, Весна Дамева, Зендели констатираше дека имајќи ја предвид оваа пресуда, останува во сила одлуката за избор на Весна Дамева за претседателка.

– Имајќи ја превид пресудата на Управен суд, констатираме дека донесената одлука останува во сила одлуката на Судски совет за избор на претседател Весна Дамева од 5.12.2022. Од сега натаму претседател на Судски совет е Весна Дамева, рече тој.

Седницата следува по денешниот работен состанок на Советот на кој беше разгледана пресудата на Управниот суд со која се поништува одлуката за разрешување на Дамева.

Управниот суд денеска ја објави пресудата во која меѓу другото е наведено дека Судскиот совет не дал никакви образложени причини поради кои ја разрешил од функција поранешната претседателка Весна Дамева, не ги навел доказите врз основа на кои е утврдена фактичката состојба, посебно ниту утврдените факти, кои што согласно утврдената фактичка состојба упатуваат на донесување на Одлуката за нејзиното разрешување.

Весна Дамева беше разрешена од функцијата претседателка на Судски совет во мај минатата година, кога нејзиниот заменик, Селим Адеми, побара да се гласа за нејзино разрешување. По разрешувањето, таа поднесе тужба до Управниот суд.

Ова разрешување го наруши кредибилитетот на Судскиот совет на кој имаше повеќе реакции во јавноста, а беше и испратена Оценска мисија од Европската Унија која изготви 40 препораки за подобрувањето на функционирањето на Судот. 

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Од заталкано зрно оштетен таван од стан во Чаир

Следно

Покрената иницијатива планината Кожуф да се прогласи за национален парк

Latest from Blog

Лазаров синдром: Докторите го прогласиле за мртов, се разбудил по 30 минути и ги шокирал сите

Мажот доживеал два срцева удари и покрај повторените обиди за реанимација, не покажал знаци на живот, па медицинските лица решиле да го прогласат за мртов и да ги повикаат погребалните служби, објавува

ЛШ: Лудило во Торино за 4:4, Реал со два пенали до победа, историска сензација на Карабах (ВИДЕО)

Со два гола од белата точка на Мбапе, Реал Мадрид го доби дербито на вечерта во Лигата на шампионите против екипата на Олимпик Марсеј на „Сантијаго Бернабеу“. „Кралевите“ славеа со 2:1 во

Муцунски ги пречека Престон Лајонс – промотори на македонската култура и традиција

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски му посака Добредојде на фудбалскиот клуб од Австралија – Престон Лајонс. -Вечерва во Скопје имав чест, веднаш по слетувањето, да го пречекам тимот на Престон Лајонс

ФИФА ќе им исплати 355 милиони долари на клубовите кои имаат репрезентативци во квалификациите за СП 2026

ФОТО: FIFA.COM Секој клуб што има свои играчи во националните тимови за квалификациските натпревари и за Светското првенство ќе добие финансиска компензација од фонд вреден 355 милиони долари, што е дел од
Go toTop