Далмација отсечена поради снежното невреме, се извлекуваат заглавените во снегот

February 27, 2023
1 min read

Снегот во Хрватска предизвика сообраќаен хаос и ја отсече Далмација од остатокот од државата.

Од вчера попладне поради огромното количество снег и силните ветрови нема отворен патен правец од Далмација кон внатрешноста на Хрватска, пренесува порталот Индекс.

Голем број луѓе останаа заглавени во колоните, поради што беа отворени прифатни центри во Грачац, Госпиќ, Обровац и Книн.

На терен се и спасувачите од Хрватската горска служба за спасување кои помагаат во извлекувањето на заглавените во снегот.

Покрај снегот, проблеми на возачите им прави и силниот ветер кој дува со брзина од околу 150 километри на час.

Полицијата апелираше до граѓаните да не тргнуваат на пат без потреба.

Државниот хидрометеоролошки завод на Хрватска за денеска издаде црвено предупредување за Кварнер и подрачјето на Велебитскиот канал.

Подрачјето на Кварнер во првиот дел од денот ќе биде зафатено од многу силно невреме со ветрови со брзина до 130 километри на час. На подрачјето на Велебитскиот канал се очекуваат ветрови со брзина и до 150 километри на час.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: Раскалашеност во дипломатијата – амбасадорот Попов во Вашингтон изнајмувал луксузна резиденција иако имал простор во самата амбасада

Следно

Пад на превезената стока со железницата

Latest from Blog

Драма на аеродром во Шкотска: Авион се судрил со камион за гориво, патниците итно евакуирани

Авион на „Рајанер“ се судри со камион за гориво на аеродромот во шкотскиот главен град Единбург, поради што патниците беа евакуирани. Авионот требало да лета за Фаро, Португалија во 10 часот наутро.
Go toTop