Дали уставните измени се бугарски диктат?! – Обврската за внесување на Бугарите во Устав не завршува со оваа Влада!

November 3, 2023
1 min read

реклама


Македонија ја нема повеќе комоцијата долго да преговара за евроинтеграциите, како што преговараше со Грција во спорот со името смета професорката Ана Чупеска. Таа во Клик Плус порача дека сега ситуацијата е поинаква, со воени конфликти, и треба брзо да ги решаваме споровите. Со оглед на тоа дека професорката Чупеска била дел од Работната група за Уставните измени, вели дека со нив не се загрозува уставниот поредок.

„Апсолутно нема никакво загрозување на уставниот поредок не се случува, се е во согласност со меѓународните стандарди и општите принципи на Универзалната декларација за човековите права. Едноставно станува збор за признавање на народите на поедини културни групи, што живеат тука, кои се граѓани на оваа држава, дека имаат идентични права како и секои други. Нема нешто ново специјално да измислуваме, не“, вели Ана Чупеска.

реклама

Професорот Александар Спасеноски, од друга страна, вели дека во овој владин состав тешко ќе бидат донесени уставните измени, но додава дека и следната влада ќе ја има таа обврска.

„Независно како ќе тече расправата во рамките на актуелниот собраниски состав, карактерот на преземената обврска од страна на власта не тера да заклучиме дека ова не е нешто кое ќе заврши со завршување на мандатот на актуелниот состав на Собранието. Ова е обврска која ќе продолжи или ќе се појави како таква, же биде присутна во рамките на политичкиот систем во државата и по идните парламентарни избори и по составувањето на идната влада, бидејќи е тесно поврзана со европските интеграции. Ова е реалноста, независно дали ни се допаѓа или не, и на таа реалност треба да се прилагодат политичките лидери и политичките партии“, вели Александар Спасеноски.

реклама

Спасеноски воедно порача дека стравувањата на граѓаните поврзани со евентуални нови барања и по усвојувањето на Уставните измени, од страна на Бугарија се легитимни.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кремљ ги отфрли тврдењата дека Вагнер испорачал оружје на Хезболах

Следно

Шкријељ за критиките на амбасадорот Гир околу европското знаменце: Тоа не можеме да го негираме, пречесто се користи!

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop