Дали се проширува скандалот со Онкологија? Мицкоски со нови податоци за манипулација со лекови против канцер

November 2, 2023
1 min read

реклама


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски објави нов скандал на Клиниката за Онкологија кого го нарече грозоморен и кој повторно е направен на сметка на болните од канцер. Од нивни извори, рече дека има голем број документи а денеска зборуваше за само три заклучоци од документацијата. Најпрво кажа за извештај од ФЗО од вонредна финансиска контрола извршена на Клиниката за Радиологија и Онкологија која опфаќа јавни набавки во периодот од 1 август 2021-1 август 2023. Според договорите, снабдувачите се обврзани да ги достават лековите за 5 до 10 дена, но иако имало доцнења, не е испратено никакво писмо од одговорните лица ниту пак било направено нешто за надминување на тоа, вели Мицкоски.

Вториот заклучок, според Мицкоски е дека во болничките одделенија, во дневните амбуланти, медицинскиот персонал го регистрира и другиот дел од пакетите дека му е даден на соодветен пациент и на некој друг пациент, за да се заштеди вишокот од лекот, но притоа нема никаква писмена белешка, внатрешна книга за тоа дали е фрлен вишокот или кому му е дадено да го користи лекот од шишето.

Третиот заклучок, продолжува Мицкоски, е набавката на лекови. Иако на 31 март биле во магацините, во вредност од една ипол милијарда денари, и подготвени за апликација на пациентите, според Мицкоски, тоа не ги спречило властите на 27 февруари да објават јавна набавка со која уште еднаш ќе ги бараат овие лекови, рамковни договори со набавувачот, што според Мицкоски и одговарало на власта, да склучат договор на 8 мај во вредност од 516,6 милиони денари без ДДВ.

реклама

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: Со прес конференцијата, СДС јавно застана во одбрана на канцер мафијата

Следно

Вработените во култура имаат еден од подобрите колективни договори во регионот, најниската плата е 55.000 денари

Latest from Blog

Стотици муслимани упаднаа во христијански град во Сирија и направија пустош (ВИДЕО)

Нападите во претежно христијанскиот град Сукајлабија во покраината Хама се најновите во серијата напади насочени кон припадници на христијанското малцинство во Сирија. Многу христијани ја напуштија земјата од почетокот на конфликтот пред

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,
Go toTop