Дали она што не може да се купи со пари, може да се купи со многу пари?

April 12, 2024
5 mins read

Паралелни предизборни кампањи со скриени трошоци
Половина од кампањата за првиот круг од претседателските избори. Засега, ништо ново. Каравани на кандидатите низ македонските градови и села и убедување на гласачите дека „нашиот“ кандидат е најдобар, а другите се катастрофа. Што би се рекло, „како и до сега“, иако на многумина и не им се допаѓа „како и до сега“. Сепак, претседателските кандидати, во своите јавни настапи, засега се движат во рамките на коректна политичка битка. Трошоците ќе се сумираат на крајот од кампањата.

Но, паралелната кампања на социјалните мрежи, е нешто сосема друго. Ако ги исклучиме многуте така-наречени ботови, кои пласираат содржини за оцрнување на кандидатите на социјалните мрежи, официјалните профили на кандидатите и на партиите кои ги подржуваат, се повнимателни. Меѓутоа, за да стигнат до што поголем број на корисници на социјалните мрежи, постовите често се „поттурнуваат“ со многу пари, односно се спонзорирани.
Според политичките аналитичари, финансираното објавување на политички пораки на социјалните мрежи влегува во „сива зона “, затоа што во изборниот законик овој сегмент не е регулиран. Се создава еден амбиент на нефер конкуренција во објавите на политичките реклами кон традиционалните медиуми кои ако не ги почитуваат изборните правила може да бидат казнети.
А, колку пари трошат партиите за објави по социјалните мрежи тешко е да се утврди, иако е јасно дека станува збор за сериозни суми.

И дел од билбордите во „сива зона“, главниот профит кај неколку фирми
Ако не сте биле на некој од митинзите во кампањата, ако не следите социјални мрежи, сепак со сигурност сте се сретнале со некој од кандидатите за претседател низ улиците на градовите, кој ве гледа од „високо“. Речиси и да нема главна улица на која нема билборд од претседателски кандидат. Сумите за закуп не се воопшто мали.
Вкупно 12 компании доставија понуди до ДИК за рекламирање на билборди и паноа на претседателските кандидати. Едни непознати, други етаблирани во јавноста, трети – сопственици со „познато минато“. Сепак, останува нерегулирано друг вид на надворешно рекламирање – на автобуски постојки и со мегабилборди на фасади на згради, кое е надвор од Изборниот законик.

Од Државната изборна комисија која ги спроведува изборите велат дека „немаат надлежност за ова прашање, туку постапуваат согласно Изборниот закон и имаат обврска да ја спроведуваат ждрепката за распределба на рекламните паноа и билборди соодветно на законските одредби“. На 25 март Државната изборна комисија (ДИК) преку ждрепка одлучуваше кој кандидат на која локација ќе добие рекламен простор за билборди и рекламни паноа.
Од ДИК велат дека „општините, градот Скопје и правните лица кои стопанисуваат со рекламните паноа и билборди се должни во рок од пет дена од денот на распишување на изборите јавно да ги објават локациите и цените за закуп на рекламните паноа и билборди на своите веб-страници“. Партиите имаат право на закуп на политичко рекламирање преку паноа и билборди според моделот 40% за позицијата, 40% за опозицијата, 10% за оние кои немаат пратенички групи во Собрание и 10% за вонпарламентарни партии и независни кандидати.

На административците изгледа не им е до пари, поважно им е празнувањето
Членови од Општинските изборни комисии (ОИК) пред избори масовно се откажуваат од ангажманот во кој требаше да ги реализираат претстојните Претседателски и Парламентарни избори 2024 година. Според одлуките на Државната Изборна Комисија (ДИК) објавени во службен весник до 1 април 2024 година се разрешени вкупно 192 членови, а ново назначени се 186, а најголемиот број од нив се во последниве два месеци.
Тоа значи дека предизборно речиси една четвртина од членовите на општинските комисии во целата земја се нови.

Според податоците на ДИК вкупно 800 административци треба да бидат ангажирани во целиот избирачки процес како членови на Општински изборни комисии кои на ниво на општини треба да ги спроведуваат изборите. Ангажман за кој добиваат паричен надомест од државата.
Масовното напуштање на комисиите е зачудувачко за поранешниот претседател на ДИК Александар Новаковски. Смета дека од една страна е невозможно толку многу административци да имаат оправдани причини поради кои не би учествувале во ОИК, а од друга страна, затоа што се случува многу скоро пред првиот круг од Претседателските избори закажани за 24 април 2024 година.
„Најчести причини поради која се бара изземање од ОИК се здравствени и семејни причини и престанок на работен однос во државна или општинска администрација. ДИК изврши случаен избор и назначи нови претседател, членови и нивни заменици на ОИК на местата кои беа испразнети. Составите на ОИК се формално пополнети и нема испразнето место. Општинските изборни комисии веќе ги поминаа обуките кои ги спроведува Државната изборна комисија согласно Програмата за задолжителна едукација на изборните органи“, велат од ДИК

Бројот на туристи се зголемува, но не и профитот
Официјалната статистика покажува дека бројот на туристи во Северна Македонија расте. Но, има недостаток на сместувачки капацитети, на авионски линии на македонските аеродроми кои се значително помалку споредено со соседните земји, но и автобуски линии. Железнички сообраќај скоро и не постои, а на атрактивните туристички локации нема соодветна инфраструктура за да се примат повеќе туристи, а често се запуштени во однос на хигиена и одржување, каде нема ниту јавни тоалети.
„Ние како да сме си задоволни што ги “собираме трошките”, бидејќи поради релативното кратко растојание, понекогаш гостите кои ги посетуваат нашите соседни држави, се одлучуваат да не посетат и нас“, вели туристичкиот водич Зоран Ставревски.

Официјалните податоци на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) покажуваат дека престојот на странските туристи во земјава во просек изнесува 1,9 ноќевања, што е надолен тренд во однос на 2021 година кога во просек имале 2,3 ноќевања. За повеќе туристи потребна е и поголема промоција, но Агенцијата во моментов има на располагање два милиони денари годишно (30.000 евра). Според Ласкаровска, буџетот за промоција на туризмот од година во година се намалува за 25 проценти.
Во 2023 година државата имала приход од 598,54 милиони долари од туристички промет, што е зголемување од 25 проценти во однос на периодот од претходната година, според Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.
Но, ако државата добро ја менаџира дестинацијата, има потенцијал да добива приход од над една милијарда долари годишно, вели Аркан Керим – претседател на Туристичко – угостителската комора (ТУК) во Сојузот на стопански комори на Македонија. Во 2028 година Скопје ќе биде град домаќин на европската култура, кога може да очекуваат два до три милиони гости, но прашање е каде ќе ги сместиме, додава Керим.
Државата засега нема изработено ниту нова стратегија за развој на туризмот.

Дали изгоре и надежта за Универзална сала?
Со брза интервенција на противпожарните екипи беше изгаснат големиот пожар што избувна во Универзална сала во вторникот на 9 април. Причините за пожарот ќе се утврдуваат, како и колкава е штетата. Но, дали изгаснаа и надежите на скопјани дека еден од симболите на Скопје повторно ќе заживее или пак ќе го снајде судбината на многу други клучни објекти, кои исчезнаа.

Партиите од власта и од опозицијата не ја испуштија шансата за меѓусебно препукување кој е виновен за пожарот, за запуштената Универзална. А, ја уништија сите, што од негрижа, што од незнаење, што од бизнис интереси.
Универзална сала беше со години запуштена, празна, руинирана.
Во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, на чело со Никола Груевски, постоеше проект за нов изглед на Универзална, но пропадна. Потоа, екс градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов од СДСМ, најави реконструкција на објектот, а работите почнаа непосредно пред локалните избори во 2021 година. Шилегов загуби, а новата градоначалничка Данела Арсовска го запре проектот, оценувајќи го како несоодветен, лош и небезбеден. Министерството за култура неодамна со Договор ги презеде од Град Скопје правата за реконструкција и адаптација на Универзалната сала. На 19 ти февруари, Министерството за култура склучи договор со градежната компанија Универзал – Балкан за реконструкција на фасада и кровен покривач на објектот во вредност од 1,9 милиони евра.
Сега, по пожарот, се одново и се понеизвесно дали Универзална сала ќе преживее.

„Најди ме“, а не, злоупотребувај ме!
„Најди ме – Систем за рано предупредување за исчезнати деца“ итно ги алармира граѓаните со цел ако имаат некакви информации за официјално потврдено исчезнување лица, но некои го злоупотребуваат. На пример, свекрвата ја пријавила снаата за исчезната, а таа всушност се скарала со сопругот и заминала кај нејзината мајка. Во новото издание на поткастот „Зошто“ разговаравме за таканаречениот Амберт алерт со Наташа Доковска, новинарка и Програмски директор на невладината организација „Новинари за човекови права“.

Извор: Радио Слободна Европа

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Среќни ВЛТ приказни: Филип Србиновски стана милионер со освоени 1.755.001 денари

Следно

Амбициите на Косово за Советот на Европа – блиску до целта или во пит-стоп?

Latest from Blog

Петрушевска: Посакуваме час поскоро стабилна Влада во Бугарија со која ќе може да разговараме за придвижување на европската интеграција

Пратеничката Марија Петрушевска имаше кратко обраќање на Постојаниот Комитет на ПС на Советот на Европа. -Извештајот и известувачите на ПССЕ кој се однесува на предвремените Парламентарни избори во Бугарија, дава препораки за

Black Friday: Пазарен инспекторат „лови“ лажни попусти

Нечесните трговци кои ги изигруваат купувачите со лажи попусти се еден чекор пред институциите и добро знаат како да го изиграат законите, вели претседателката на Организација на потрошувачи Маријана Лончар Велкова. Таа

Притвор за три лица осомничени за предизвикување национална омраза

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против три полнолетни лица за кривично дело – Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа од член 319 став 1

Сиљановска Давкова за инцидентите со знамето: Повикот за разум, толеранција и дијалог е клучен во вакви моменти

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова преку социјалните мрежи ги осуди вчерашните инциденти кога по повод прославата на Денот на албанското знаме, беше осквернавено македонското знаме. Како што напиша Сиљановска Давкова на својот профил

Казни од 2,2 милиони евра за грчки компании поради лажни попусти

реку специјалната дигитална алатка за откривање лажни попусти што ја користат ревизорските служби на Министерството за развој на Грција, биле откриени 14 компании кои во изминатите седмици се обиделе со лажни попусти
Go toTop