Дали Кремљ ќе го дофати и нигерскиот ураниум?

August 4, 2023
2 mins read

Француските геолози во 1950-те, во планинските недојдии на југот на Нигер откриваат лежишта на ураниум. Од тогаш француските државни компании го ископуваат радиоактивниот минерал, претворајќи го Нигер во седми по големина производител на светот.

Децении подоцна, градот Арлит и рудниците околу него, во 2022 покриваат 25% од целиот ураниум што го увезува Европската унија.

Кога војската на 26-ти јули изврши пуч во земјата, тоа ги активираше алармите низ цел Запад кој сега стравува дека снабдувањето со ураниум, кој е клучен за „зелената агенда“, ќе секне на ист начин на кој што секна и руската нафта.

„Иако Кремљ изгледа како да не директно зад пучот, неговата пропагандна машина ги засили анти-француските и американски чувства низ Сахел, регионот под јужната граница Сахара. Не изненадува тоа што регионот имаше серија на револуции – вклучително Буркина Фасо, Чад, Гвинеа, Мали и Судан – од 2020.

Во главниот град Нијамеј, поддржувачите на пучот мавтаа со руски знамиња како јавна осуда на францускиот империјализам. Евгениј Пригожин, го поздрави воениот удар. Вагнер веќе оперира во соседен Мали по државниот удар што таму се случи. Долгата рака на Кремљ се меша во геополитиката на енергетиката на многу начини – не секогаш на најочигледните.

Ако Нигер влезе во руска орбита, светот уште повеќе ќе зависи од Москва – и нејзините клиенти – за атомска енергија. Казахстан и Узбекистан, двете поранешни советски републики, се меѓу најголемите производители на ураниум на светот, на кои отпаѓа 50% од глобалната ископана залиха. Додај ги на тоа Русија и Нигер, и тој удел скока на 60%,“ пишува аналитичарот за енергетика на Блумберг, Хавиер Блас.

Тој потсетува дека ураниумот е само почеток на „циклусот на нуклеарното гориво“. Иако Русија е шеста на светот по вадење ураниум, таа е водечка во трансформирање на рудата во атомско гориво кое може да се користи во цивилните нуклеарни реактори.

„На Русија отпаѓаат речиси 45% од глобалниот пазар за конверзија и збогатување на ураниум. Ваквата доминација американските функционери во последните години ја нарекоа ‘стратешка ранливост’,“ објаснува Блас, според кого минатата година околу една третина од целиот ураниум што САД го користат за цивилни потреби дошол од Русија, а увозот на руско нуклеарно гориво и понатаму не е под санкции на Вашингтон.

Се некаде до крајот на Студената војна, САД имаат капацитети за целосно покривање на сопствената потрошувачка на нуклеарно гориво. Потоа за нив станува полесно и поевтино да почнат истото да го увезуваат, па денес земјата во најголем дел е зависна од меѓународното производство, вклучително и од држави кои не и се баш наклонети.

Позицијата на Русија на ова поле, освен на изобилните залихи ураниум, се должи и на успехот на нејзините инженери своевремено да развијат систем за збогатување на радиоактивниот материјал кој троши значително помалку енергија отколку методите што ги користат француските и американските инженери, што го прави целиот процес далеку поевтин. Вака доминантната позиција само добива нова сила кога во 1990-те Русите се согласуваат да го вадат високо збогатениот ураниум од советските нуклеарни глави, да го преработуваат и да им го испратат на САД како гориво за цивилни реактори. Ова целосно ја уништува американската индустрија која нема начин како да се натпреварува со рускиот увоз.

Еден од потенцијалните излези за САД и Франција од ваквата ситуација, која само беше дополнително натоварена од пучот во Нигер, е да почнат да ги отвораат запечатените фабрики за нуклеарно гориво, и да развијат далеку подобри дипломатски и воени односи со држави како Нигер.

„Ова нема да биде евтино. Меѓутоа како што Владимир Путин покажува дека е подготвен да ги искористи во своја полза фосилните горива како нафта и гас, Западот треба да делува пред Кремљ да одлучи да ја искористи и мирољубивата употреба на ураниум на начин кој дополнително ќе ја отежнат транзицијата кон нефосилна енергија,“ смета Блас.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

УЕФА забрани гостински навивачи на натпреварите меѓу хрватски Динамо и грчки АЕК

Следно

ЦУК: Нов пожар кај Демир Хисар, оној кај Богданци е локализиран но се појавуваат жаришта

Latest from Blog

ИЗИР: Македонија не смее да ја пропушти шансата за економски развој преку одговорно искористување на минералните ресурси

Додека европските земји вложуваат значителни средства во геолошки истражувања и откривање нови наоѓалишта на минерални суровини, во Македонија значајни рударски проекти со години остануваат во неизвесност. Примерот на Шпанија, која вложува 197

Николоски: Со третиот оператор очекувам значително пониски цени на мобилните услуги

Македонија е меѓу земјите во кои се планира воведување директно сателитско поврзување со мобилни телефони преку „Старлинк“, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Во интервју за „360 степени“ на МРТ

Шпанија систематски ги бара минералните богатства, Иловица останува едно од најзначајните наоѓалишта во Македонија

Шпанија планира да истражува 100.000 квадратни километри територија од воздух за да добие попрецизна слика за минералните ресурси скриени под земјата. Програмата, која опфаќа три геолошки зони во западниот и јужниот дел

Македонија меѓу најповолните за купување храна: Цените значително под просекот на ЕУ

Купувањето храна во Европа може да чини повеќе од тројно, зависно од земјата во која се полни кошничката. Швајцарија има највисоки цени меѓу анализираните земји, додека Македонија е меѓу најевтините, покажува анализата
Go toTop