Дали ќе изгуби Алтернатива уште еден пратеник? – Хисни Исмаили го поддржа претседателот на тетовскиот огранок

August 10, 2023
1 min read

реклама



Последните случувања со огранокот на „Алтернатива“ во Тетово ги зголемија сомнежите дали партијата на Африм Гаши ќе го загуби и пратеникот Хисни Исмаили, кој застана на страната на првиот човек на тетовскиот огранок Дритан Беџети, кого партијата го разреши. Исмаили вели дека причините наведени во одлуката за разрешување на Беџети биле неразумни и многу слаби.

„Претходно кажав дека меѓу другите точки се споменува дека ги блокирал партиските органи на Огранокот Тетово, дека извршил малверзации, дека го нарушил престижот на партијата, па мислам дека сето  ова е неосновано и невистинито“, вели Хисни Исмаили.

реклама

Прашан дали мисли дека ќе преземе други дејствија, како на пример заминување од Алтернатива, доколку претседателот на партијата одбие да му дозволи на Беџети да биде на чело на огранокот, Исмаили вели дека тоа е меѓупартиска дебата.

„Ова не би го нарекол битка, туку внатрепартиска дискусија за која сè уште разговараме за причините и околностите што не доведоа до оваа состојба“, вели Хисни Исмаили.

реклама

На 7 август во Тетово се одржа состанок на дел од членовите на огранокот на Алтернатива во Тетово, на кој присуствуваше и пратеникот Хисни Исмаили, а потоа беше соопштено дека со мнозинство гласови повторно е избран Дритан Беџети за шеф на огранокот дури нагласувајќи дека претседателот на Огранокот Тетово го именува и разрешува Собранието на Огранокот во Тетово и дека „демократската борба ќе продолжи во Алтернатива за доброто на партијата“.

Ден по оваа средба, на официјалната страна на Алтернатива на Фејсбук, во објава на која стои името на потпретседателот на тетовскиот огранок и некои други, беше кажано дека на 7 август немало средба на огранокот на Алтернатива во Тетово и дека тој состанок бил нелегитимен, незаконски, нестатутарен и без никаква формална или организациска вредност.

реклама

„Нетолерантно е состаноци кои не се закажуваат согласно процедурите и на кои учествуваат роднините, пријателите и соседите да се нарекуваат состаноци на партиски органи. За информација на јавноста, поранешниот претседател на огранокот на Алтернатива во Тетово нестатутарно повикал состанок, бидејќи со одлука на Централното претседателство (од 26.07.2023 година) повеќе не е член на Алтернатива, додека повик за средба направил и  пратеник од регионот, кој нема законска надлежност за внатрешна организација на ограноците“, вели Алтернатива.

Ваквата состојба предизвика форумот на жени на Алтернатива во Тетово да ја замрзне својата активност и најави дека „го поддржуваат Дритан Беџети“, притоа додавајќи дека „неприфатливо е авторитарното однесување на партиските органи да се навредуваат и да не се признаваат одлуките на седницата на огранското собрание како одлучувачко и легитимно тело согласно партискиот статут“.

Пред една недела, на прес конференција за медиумите во Тетово, 1/3 од Централното собрание на Алтернатива побараа претседателот Африм Гаши да ги разреши Беким Сали и Зеќирја Ибрахими, обвинувајќи ги за неисполнување на обврските во партијата и за недостојни за функциите што ги извршуваат.

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трипуновски: Апелирам Ковачевски и Николовски да ги засукаат ракавите и да ги постават македонските земјоделци на врвот во приоритетите и да се фатат за работа

Следно

Таравари за 20%: Сега е доцна! – „Зошто Меџити, Ибрахими и Зендели не излегоа кога беше време?!“

Latest from Blog

Тоневски: Пробиштип со подобри услови за итни медицински интервенции

Две нови, современо опремени амбулантни возила пристигнаа во ЈЗУ Здравствен дом „Нада Михајлова“ во Пробиштип, информира градоначалникот Тони Тоневски. Според него, возилата ќе придонесат за подобри услови за работа на службата за

Николоски: Инвестираме меѓу 5 и 6 милијарди евра во коридорите 8 и 10, Македонија ќе стане вистинска крстосница на Балканот

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска се обрати на 23. Виенски економски форум, каде што ја истакна важноста на регионалната економска соработка, заедничкиот настап на европскиот пазар и

Критичните суровини стануваат европски приоритет, потребни се нови инвестиции и модерно рударство

Европската Унија ја засилува финансиската поддршка за обезбедување критични суровини, препознавајќи ги како основа за идниот индустриски, енергетски и безбедносен развој на континентот. Како дел од измените на буџетот за периодот 2028–2034

Николоски во Виена: Економската соработка и стратешките инфраструктурни проекти во фокусот на 23. Виенски економски форум

Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски e во работа посета на Виена, Австрија, каде учествува на 23-от Виенски економски форум. Оваа година Виенскиот економски форум се реализира под мотото “ Виенски дијалог

Проданоски: Граѓани и волонтери се обединија во акција за позелен Прилеп

Околу 500 садници беа засадени во близина на манастирот „Св. Димитриј“ кај прилепското село Селце, во акција организирана од Здружението „Сина револуција“, со поддршка од компанијата „Бехтел ЕНКА“. Во акцијата, организирана по
Go toTop