Дали има политички игри за членот во ДИК? Хоџа и Адили негираат: Немаме договор со АА!

December 21, 2023
1 min read

реклама


Лидерот на ЕДП, Арјанит Хоџа негира било каква тајна соработка со АА за членот кој ќе го пополни слободното место во ДИК. Според Хоџа, кандидатот Зуљфи Адили според нив бил јасоодветен од сите пет кандидати кои фигурирале на листата.

-Можам со целосна одговорност да ви кажам дека од Алијанса не сум побарал да поддржат или не. Ниту пак сум имал некаква комуникација во врска со ДИК со Алијансата за Албанците што треба да ја предложиме затоа што се работи за нивни прашања и проблеми. Колку што сум информиран, АА нема добиено писмо од претседателот Талат Џафери“, вели Хоџа.

ТВ21: Дали е вистина дека преку вас играат игра за да го добијат местото во ДИК?

Хоџа: Воопшто не! Со најголема одговорност можам да ви кажам дека немам никаква комуникација со АА во врска со предлогот за ДИК.

Дека тоа не е дел од политички игри, за ТВ21 вели и самиот кандидат за член на ДИК, Зуљфи Адили. Тој тврди дека го следел конкурсот и се пријавил бидејќи ги исполнувал сите услови.

реклама

„Не сум член на ниту еден политички субјект. Имам пријатели од Алијанса за Албанците, но одамна не се занимавам со политика. Се пријавив доброволно бидејќи ги исполнував условите кои произлегуваат од конкурсот. Ги исполнувам законските услови, го испратив моето ЦВ и потребните документи. Првиот човек на Собранието го испрати барањето до политичките партии да предложат свои кандидати, сега е прашање на политичките партии кого ќе поддржат“, изјви Адили.

Сомнежите за политички игри меѓу АА и ЕДП за кандидатурата на Адили се појавија откако пратеникот на Беса, Фадиљ Зендели, изјави дека АА преку партии сателити сака да се наметне и да го заземе празното место во ДИК, место кое според него и припаѓа на албанската опозиција, односно политичките партии кои учествуваа на последните парламентарни избори.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Каменоломот во Страчинци, жителите не сакаат, министерството вели дека имаат дозвола

Следно

Пендаровски не очекува турските власти да ја одолговлекуваат екстрадицијата на Љупчо Палевски

Latest from Blog

Омерагиќ го претстави Седлоски како нов селектор на Македонија

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, изјави дека новиот селектор на македонската репрезентација, Гоце Седлоски, е вистинскиот избор за оваа позиција. „Баравме човек со ‘фајтерски’ карактер, го добивме во Седлоски,

Тасев: Ахмети се заканува и ги испомеша орлите со лавовите, а всушност треба да го прифати изборниот пораз

Али Ахмети повторно се обидува да се заканува. На неделниот когрес ги извади истите, одамна потрошени трикови. Со говор полн со закани, митологија и самовеличење се обиде да нe убеди дека сe

Авторот на „Кол оф дјути“, Винс Зампела загина во сообраќајка

Несреќата се случи на автопатот Анџелес Крест во Јужна Калифорнија (САД), откако Зампела ја изгубил контролата врз своето „Ферари“, пишува „Ен-би-си Лос Анџелес“ (NBC Los Angeles). Според извештајот на Калифорниската полиција несреќата
Go toTop