Дали доволно се казнуваат загадувачите? Стојковски: Единствената кривична е за палењето на трска

October 29, 2023
1 min read

реклама


Палење на трска во Охридското Езеро е единствен случај за кој е поднесена кривична пријава во изминатава година, вели директорот на Државниот инспекторат за животна средина Сретен Стојковски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Од друга страна сите другите постапки за загадувачите биле прекршочни. Се очекува одлука на инспекторите дали ќе одат со прекршочна или со кривична пријава во случајот со опасен отпад во скопската населба Ѓорче Петров, каде билe отстрането над 500 тони отпад од топени акумулатори.

Но, колку кривични пријави се поднесени годинава од Инспекторатот за животна средина? Директорот вели дека се поднесени пријави вредни вкупно 600.000 евра. Дел од нив се доставени до комисијата при Министерството за животна средина, а останатите до надлежните судови. И додека сме на прагот на грејната сезона, директорот Стојковски предупредува дека ќе има санкции за оние кои ќе го надминат нивото на загаденост.

Директорот Стојковски уверува дека сите болници, без разлика дали се од примарно или од секундарно здравство, имаат изготвено извештаи и ги почитуваат мерките. Некои од нив се греат на гас, но некои болници се уште користат мазут за греење.

реклама

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Урсула фон дер Лајен пристигна во Скопје

Следно

Пивоваров: Мигрантите се повеќе употребуваат оружје, плаќаат и по 700 евра да ја минат државата

Latest from Blog

Коњановски најавува изградба на 6 нови паркинзи во Битола

Општина Битола започнува изградба на шест нови паркинг простори за подобрување на сообраќајната инфраструктура и олеснување на паркирањето за граѓаните. Новите паркинзи ќе бидат изградени кај „Овчи Пазар“, кај „Ат пазар“, во

Проданоски најави инвестиции од 12 милиони евра за развој на Прилеп

„Општината е финансиски стабилна и со поддршка од централната власт влегуваме во нов циклус на капитални инвестиции вреден околу 12 милиони евра“, порача градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, во гостувањето во утринската

Светските лидери изразуваат сочувство по смртоносната пукотница во Канада, напаѓачот бил трансродово лице

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција „стои со канадскиот народ“. „Терор го погоди училиштето во Тамблер Риџ, Канада. Нашите мисли се со семејствата на жртвите, повредените и целата образовна заедница“, рече

Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ предлага продолжување на рокот за легализација на бесправно изградени објекти до 2031 година

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата минатата недела поднесе Предлог-закон за изменување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти по скратена постапка, со кој се предлага продолжување на рокот на важност
Go toTop