Дали договорот за примирје во Газа ќе профункционира?

January 16, 2025
1 min read

Славје во Газа, воздржаност во Израел. После 15 месеци жестоки борби на Блискиот Исток, Израел и Хамас постигнаа примирје.

Договорот, кој стапува на сила од недела, првично треба да доведе до ослободување на 33 израелски заложници во замена за 1.000 палестински затвореници и зголемена хуманитарна помош. Ќе трае во три фази а конечна цел е ослободување на сите заложници и повлекување на израелската армија од газа…

За палестинската организација, договорот преставува победа а појасот сега ќе влезе во нова фаза во која ќе следува целосна обнова на Газа.

“Договорот за прекин на огнот е резултат на отпорот на нашиот голем палестински народ и нашиот храбар отпор во Појасот Газа што трае повеќе од 15 месеци. Тоа исто така е потврда дека окупацијата не постигна ниту една од своите цели.“ – Хамас.

Од израелкската влада од каде велат дека официјалниот став на државата ќе го откријат дури откако ќе бидат потврдени сите детали од договорот. Иако за денеска беше планирана средба на безбедносниот кабинет, на кој требаше да го одобри договорот, состанокот е одложен а од кабинетот на Бенјамин Нетанјаху го обвинија Хамас дека се обидува да издејствува да добие повеќе од првично договореното.

„Спротивно на експлицитната клаузула која му дава на Израел право на вето за ослободување на масовните убијци кои се симболи на теророт, Хамас бара тие да одлучуваат за овие терористи. Премиерот му наложи на преговарачкиот тим да остане цврсто на претходно договорениот став и целосно да ги отфрли обидите за изнуда на Хамас во последен момент.“ – Влада на Израел.

Европските лидери го поздравија прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас и побараа целосно спроведување на договорот…Според европските преставници, договорот меѓу двете страни е клучен за постигнување регионална стабилност но и неопходен чекор кон формирање на Палестинска држава во регионот.

„Ова носи надеж во целиот регион, каде што луѓето предолго трпат огромно страдање.“ – Урсула Вон дер Лајен претседател на Европската комисија.

Од Обединетите Нации велат дека сега откако е постигнато примирје, приоритет мора да биде ублажување на страдањето на населението.

„ОН се подготвени да го поддржат спроведувањето на овој договор и да ја зголемат испораката на хуманитарна помош за безбројните Палестинци кои продолжуваат да страдаат.“ – Антонио Гутереш генерален секретар на ОН.

Договорот за прекин на огнот во Газа го поздравија и саудиските власти кои побараа и целосно повлекување на Израел од палестинската територија уништена од 15-месечната војна.

Конфликтот меѓу двете страни избувна во октомври 2023 година, откако милитантите предводени од Хамас нападнаа населби на југот на Израел. Според израелската влада, во нападот убиени биле околу 1.200 луѓе, главно цивили а преку 250 лица беа земени како заложници.

Израел возврати со голема офанзива врз палестинската енклава во која беа убиени повеќе од 44.000 луѓе и беше раселен поголем дел од населението. Војната се прелеа и соседен Либан а Израелската армија во изминативе 15 месеци ги елиминираше првите луѓе на исламистичките групи Хамас и Хезболах.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поставувањето на собраќајните безбедносни камери на МВР ќе заврши годинава

Следно

Албанија ја прогласи за „стратешки инвеститор“ компанијата на Џаред Кушнер

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев
Go toTop