Дакота Џонсон на прашањето зошто носи проѕирни фустани: Зашто можам и ми е забавно (ФОТО)

October 22, 2025
1 min read

Во интервју за Vogue Germany, 36-годишната ѕвезда, која ќе ја видиме во филмот Verity во 2026 година, зборуваше за своите модни избори при промоција на нови проекти.

Одговор на критиките

Таа само ја потврди својата репутација како личност без влакна на јазикот со својот последен одговор, кога еден новинар ја праша дали проѕирниот фустан е можеби „премногу секси“. Џонсон јасно стави до знаење дека не е заинтересирана за такви мислења. „Навистина не ми е гајле. Имав можност да носам некои од најубавите фустани и се чувствувам убаво во нив, па затоа ги носам“, изјави таа.

„Понекогаш тие фустани ми стојат добро. Но, има некои што ги пробав, а воопшто не изгледаа добро. Зависи од обликот, завршницата, бојата и сè. Значи, ако најдам убав фустан во кој се чувствувам удобно, секако дека сакам да го носам! И забавно е да се носи секси фустан.“

Самодоверба изградена од рана возраст

Џонсон, која носела бројни креации на Гучи и тесни фустани од чипка, честопати со минимална облека под неа, откри дека нејзината мајка, актерката Мелани Грифит, ѝ помогнала да развие силна и позитивна слика за телото уште од рана возраст.

„Мајка ми беше многу отворена за темата за телото“, рече таа. „Таа нè научи како да се грижиме за нашите тела и да ги сакаме и дека нашите тела се убави. И мислам дека тоа е нешто што е навистина важно за едно младо девојче затоа што постојано ни се вели дека не сме доволно добри.“

„И ако од мали нозе жената што најмногу ја почитувате не ви каже дека сте совршени и паметни и посебни и силни и храбри, тоа навистина може да ве скрши. Тешко е подоцна повторно да ја научите таа љубов. Тоа беше огромен подарок што ми го даде“, заклучи актерката.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јапонците претставија машина за перење- луѓе (ВИДЕО)

Следно

Eвропски „котел“ е БАЛКАНОТ, рече британскиот премиер по санкциите за бандите од КОСОВО И ХРВАТСКА

Latest from Blog

Њујорк Тајмс: ТРАМП ГО ПОТЦЕНИ ИРАН, СЕГА ВЛАДАТА НЕ ГО ЗНАЕ ИЗЛЕЗОТ ОД ВОЈНАТА

Трамп ги потцени Иранците. Вашингтон не очекуваше дека нападот врз Иран ќе доведе до сериозно зголемување на цените на нафтата и гасот на светските пазари, пишува „Њујорк тајмс“ (NYT), повикувајќи се на

Трајановски и Чен Чен го потпишаа Анексот број 8 од Договорот за изградба на автопатот Кичево – Охрид

По потпишувањето на Анексот број 8 на Договорот за изградба на автопатот Кичево – Охрид од страна на заменик претседателот на Владата задолжен за политички систем, Љупчо Димовски и од вицепремиерот и

Катни гаражи, кружен тек… градската каса потешка за 166 милиони денари

Советот на Град Скопје на денешната седница го усвои ребалансот на буџетот со кој се зголемуваат средствата за дополнителни 166 милиони денари, наменети за нови капитални инвестиции во градот. Според скопскиот градоначалник,

„Финалисима“ се сели од Катар во Мадрид

Дуелот помеѓу европскиот шампион Шпанија, и јужноамериканскиот Аргентина, кој што требаше првично да се одигра во Катар на 27 март, на стадионот Лусаил, поради новонастанатата ситуација ќе се пресели најверојатно во Шпанија,
Go toTop