Амбасадата во Скопје оценува дека во контекст на на договор кој го отвора патот за членство во НАТО и почеток на пристапни преговори со ЕУ, македонската влада на крајот би ги прифатила следните услови:
— Име: Република Северна Македонија (Republic of Northern Macedonia или Republic of North Macedonia)
— Опсег: во сите меѓународни организации, плус билатерално од која било земја што не сака да го користи уставното име. (Иако не сме разговарале за ова експлицитно, веројатно би следеле меѓународни договори по истата шема, мултилатералните би го користеле новото име а билатералните би имале имаат опција за избор.)
Македонија би го користела своето уставно име кога се однесува на себе, на пасошите, етикети на производи, во медиумите итн.
— Идентитет: Јазикот и националноста ќе се викаат македонски, но со ова може да се постапува премолчено, можеби како последователен анекс на Резолуцијата на ОН или во некој друг внатрешен ОН документ кој не е предмет на грчки преглед/одобрување.
Поентата е дека Македонија има потреба да биде уверена дека нивниот јазик, националност и слично, би продолжиле да се нарекуваат македонски а не северномакедонски.
2. Денеска премиерот Груевски најави дека бара исклучок во неколку аспекти на овој пакет. Тој сака модификаторот на името да биде ставено во загради; сака признавањето на македонскиот јазик и националноста да биде експлицитно наместо премолчено. Во однос на обемот, тој би сакал да се ограничи на меѓународните организации во кои веќе се користи ПЈРМ. За билатерална употреба, тој би сакал Обединетите нации само да одобрат, наместо да го поттикнуваат или да го препорачуваат новото име. Слично на тоа, тој би барал ограничување на употребата на новото име само на меѓународни договори. Сепак, ние предвидуваме дека на крајот ќе остави простор за овие проблеми ако носат договор. Во секој случај, тој најави и одржување на национален референдум за да ги исполни своите јавни ветувања.
(В) Разговорите со премиерот Груевски и претседателот Црвенковски, резимирано подолу, ги потврдуваат проценките на Амбасадата Скопје. Оваа депеша, заедно со Атина 1030, ги осветлува суштинските разлики меѓу македонските и грчките позиции во овој момент.
———————–
4. По дискусија за загриженоста за македонскиот случувања кои можат да влијаат на перцепциите на НАТО за подготвеноста на Македонија (изборни проблеми, проблеми во парламентот, спектакуларни апсења, неповолен ребаланс на буџетот за министерството за одбрана), Амбасадорот апелираше Македонија да преземе мерки не само да не падне под критериумите на НАТО, туку да продолжи да оди кон НАТО. Груевски повторно праша да го решиме проблемот со името. Амбасадорот одговори дека сме подготвени да ѝ помогнеме на Македонија за ова, така што бараме преговорите да се фокусираат исклучиво на клучните области на името и употребата, без вклучување на други билатерални прашања.
5. (В) Груевски го изрази својот став дека Грција е решена да не го реши ова прашање, и затоа тој решил да отвори други прашања (на пример етничките Македонци во Грција).
Амбасадорот апелираше Македонија да вложи максимални напори за изнаоѓање решение. Груевски ја поздрави следната рунда разговори со амбасадорот Нимиц на средината на август и е подготвен да прифати покана за средба со Нимиц, Караманлис и државниот секретар Кондолиза Рајс ако августовските разговори поминат добро и доведат до напредок кон решение.
—————————–
6. Амбасадорот Хил праша за линиите на комуникација со Грција а Груевски го наведе само процесот во ОН. Груевски ја сподели својата оценка дека грчката страна нема намера да се реши проблемот. Тој ги истакна претстојните предвремени избори во Грција (забелешка: Амбасадата во Атина мисли дека тие се малку веројатни) и цитира извештаи од грчкиот печат што укажува на недостаток на намера да се реши проблемот.
Груевски тврди дека Караманлис веќе не бара само да се најде ново име како замена за ФИРОМ, туку се обидува да го прошири опсегот ерга омнес и да го ограничи македонскиот идентитет, историја, употребата на топонимите. Груевски рече дека е подготвен да го решава проблемот врз основа на реални, разумни црвени линии. Хил рече дека треба погрижи македонскиот народ да не се фрустрира и да реагира националистички. Груевски рече дека тоа веќе се случува во Грција.
7. (В) Груевски цитираше неодамнешна анкета што ја нарача ВМРО што покажува дека само 13 отсто од Македонците би го прифатила името Република Северна Македонија. Сепак, доколку имало предлог во тоа име новиот модификатор да биде во загради а да се користи онаму каде што се користело ФИРОМ а националноста и јазикот би се викале македонски, тој изрази уверување дека јавноста ќе го поддржи на референдум. Тој ќе го поддржи, ќе очекува и Црвенковски, меѓународната заедница и медиумите да го поддржат, и по двомесечна кампања и јавноста тоа би го одобрила.
9. Црвенковски смета дека Грција може да се согласи со Северна Македонија. Хил праша за македонскиот идентитет и јазик. Црвенковски рече дека можен излез е грчки став дека дискусијата е за името на државата, а националноста и јазикот не се дел од разговорите. Црвенковски како можно решение гледа само за името и тоа е предмет на билатералните разговори со Грција а на билатералниот договор кој Грција би го потпишала. Македонија треба да го задржи македонскиот јазик и националност/идентитет, но ова може да стои само во Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН (како додаток), а не во нешто што Грција мора да го потпише, со што ќе ѝ се спаси образот на Грција и ќе се постигне договор за можно име и опсег. Црвенковски вели дека Нимиц го разбира овој пристап.
10. Црвенковски мисли Република (Северна) Македонија со опсег на користење секаде каде што се користело ФИРОМ би функционирало. Вели дека опсегот го смета за најпроблематичен елемент. Предлогот пред Букурешт што го прифати Македонија државите да можат (или да им се препорача) договореното име да го користат во билатералните односи наместо уставното име, но последниот предлог на Нимиц отишол отаде билатералната меѓународна употреба и тоа е премногу. Исто така премногу е секоја формула која бара Македонија себе да се нарекува поинаку од Република Македонија, на пример на пасоши или производи. Едно е да се дискутира како другите ја нарекуваат Македонија и под кои околности, но сосема друго надвор од опсегот на дискусиите или на можното/разумното е да се диктира Македонија да се нарекува себеси како било поинаку од своето уставното име.
11. Црвенковски рече дека тактиката на Грција е да провоцира, да ги менува целите и да ги пролонгира преговорите. Но, тоа е не причина Македонија (премиерот Груевски) да ја прифати истата тактика (на пр. додавање на егејско -македонското прашање во тенџерето). На Македонија ѝ треба брза резолуција, а на Грција не и зошто би имале иста тактика на опструкционизам и одложување? Но, премиерот Груевски ја прифаќа токму таа тактика на одложување.
12. Црвенковски е загрижен што со Албанија и Хрватска на пат кон НАТО/ЕУ а и Србија исто, со Караџиќ уапсен, Македонија е во сериозна опасност да биде меѓу последните од Балканот да влезе во НАТО и ЕУ (со Босна и Косово), што е многу лошо.
13. Црвенковски коментираше дека не гледа регионално прашање (сега кога Косово е независно, а Србија се движи во вистинската насока) што ќе го привлече вниманието на Брисел и Вашингтон да се фокусира на Македонија. Прозорецот на можности брзо се затвора.
14. Црвенковски исто така е загрижен дека дури и во неверојатен епилог Караманлис да прифати разумен предлог за името (1) Груевски ќе бега од одговорност за склучување на зделката и (2) доколку не може да избегне одговорност, ќе оди на референдум БЕЗ да препорача да се гласа за него. Успехот на референдум би бил помогнат од повеќепартиска поддршка во Македонија, но клучно зависи од самото прашање. Ќе се добие „ДА“ ако прашањето е „Дали сакате да влеземе во НАТО и да започнеме преговори со ЕУ под името Република (Северна) МК?“ а ќе пропадне ако прашањето е „дали сакате да го предадеме нашето уставно име во корист на…“ (3) Груевски не ги гледа ЕУ и НАТО како доволно висок приоритет за да ризикува поддршка на одлука или на позитивен референдум.
15. Црвенковски коментира дека прашањето за обештетување за Егејските Македонци и прашањето за малтретирањата на грчката граница и забрана за влез за овие луѓе само ќе да се реши кога ќе се реши прашањето за името, а Македонија ќе бидат внатре во ЕУ, затоа што тогаш грчките самоволија ќе бидат спротивни на правото во ЕУ чиј дел ќе биде и Македонија. Значи, иако Груевски ги наметна егејските Македонци како националистичка причина да се спротивстави на Грците, во пракса нивниот проблем ќе се реши ако се направи компромис со Грците (под претпоставка дека Караманлис ќе прифати пристоен компромис).
16. Црвенковски силно предложи голем притисок од страна на САД за предлогот/посетата на Нимиц во средината на август. Тој предложи предлогот да биде на една страница и само за името (Република Северна Македонија) и опсегот (употреба секаде каде што ФИРОМ сега се користи) и да биде тоа понуда „земи или остави“. Резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации би вклучила анекс кој ќе го специфицира јазикот македонски и националноста Македонец, а Црвенковски верува дека Грците ќе го прифатат тоа ако не се побара директно да потпишат такво нешто.
* извор Викиликс
ИЗВОР: off.net.mk