ДА НЕ СЕ ПОВТОРАТ УНИШТУВАЊАТА ВО ВЛАХО И ЛАГАДИН, ВЕЛИ МИНИСТЕРКАТА ЗА КУЛТУРА КОСТАДИНОВСКА-СТОЈЧЕВСКА

March 8, 2023
1 min read

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска на прес-конференција зборуваше за заштитата на културното наследство, како и за актуелните случувања во Охридскиот Регион, откако периодов беше оштетен археолошкиот локалитет Влахо при ископ на јаглен, а Министерството за транспорт и врски го поништи решението на Општина Охрид за стопирање на изградбата на хотел во Лагадин.

Министерката кажа дека тоа се преседани кои што не смеат да се повторат, бидејќи културното наследство е врвен приоритет.

Во однос на изградбата на хотелот кај Лагадин, за кој, Министерството за транспорт и врски го поништи решението на градоначалникот Кирил Пецаков со кое беше стопирана градбата , Националната комисија за УНЕСКО, по прашањето со изградбата на објект на крајбрежјето во Лагадин денеска ги донесе следниве заклучоци: „Се препорачува општина Охрид повторно да ги разгледа активностите поврзани за градба на објект на крајбрежјето во Лагадин, при тоа водејќи се по препораките од Реактивните мониторинг мисии на советодавните тела на УНЕСКО и Одлуките на Комитетот за светско наследство и почитувајќи го Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион“.

„Силно препорачуваме сите активности поврзани со овој објект да бидат ставени во мирување до конечноста на одлуката на општина Охрид“, рече Костадиновска-Стојчевска.

Таа ѝ препорача на Општина Охрид да ја поништи Одлуката за начин на спроведување на постојните урбанистички планови и урбанистичко плански документации и донесување нови урбанистички планови и урбанистички проекти, како и за начинот на водење на постапките за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, број 08-17370/61 од 22 декември 2022.

Министерката препорачува и Охрид да донесе нова Одлука која ќе биде во согласност со Законот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион и со Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион, имајќи предвид дека во Законот е од јавен интерес.

Ова, рече таа, доаѓа како резултат на следењето на препораките од Реактивните мониторинг мисии на советодавните тела на УНЕСКО и Одлуките на Комитетот за светско наследство, и водејќи се по Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион.

„Во новата Одлука општина Охрид треба да има предвид дека Законот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион не предвидува исклучоци како што е наведено во членот 4 од Одлуката за начин на спроведување на постојните урбанистички планови“, рече таа.

Б. НЕСТОРОСКА

 

ИЗВОР: sdk.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Затворска казна за хулиганот кој го нападна голманот на Севиља

Следно

(ФОТО) Инциденти на масовните протести во Атина поради трагичната железничка несреќа

Latest from Blog

Огромна експлозија на цистерна во Мексико (ВИДЕО)

Инцидентот во населбата Сан Хуан Негрете предизвика голема мобилизација на службите за итни случаи и безбедност, објавува 24 Horas Puebla. Инцидентот се случил околу 10 часот наутро, а моќната детонација ги вознемирила

Ји Хе стана првата извршна директорка од крипто-индустријата која се најде на листата на Fortune за најмоќни жени во бизнисот

Ји Хе, ко-извршен директор и коосновач на Binance, е вклучена на годишната листа “Most Powerful Women in Business” на магазинот Fortune за 2026 година, станувајќи првиот лидер од крипто-индустријата што се најде

Коњановски: Без силни комунални претпријатија нема одржлив развој

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски денеска присуствуваше на конференцијата со што официјално започна проектот „Отпорни и ефикасни комунални претпријатија“, чија главна цел е да се зголеми отпорноста и ефикасноста на комуналните претпријатија
Go toTop