Да му помогнеме на Кико, продавачот на Лице в Лице

January 5, 2024
1 min read

Кико е еден од веселите продавачи на Лице в Лице, кои често ги среќаваме низ градот. 

Но, за жал, минатото лето, тој доживеа сообраќајна несреќа. Сега минува низ процес на рехабилитација, но за да може повторно да застане на нозе, но потребна е нашата поддршка. Процесот на рехабилитација ќе биде долг процес за Кико, а нему му е потребна поддршката од секој кој може да помогне. 

Кристијан Марковски, кој публиката го знае како Кико, е дипломиран комуниколог и е долгогодишен продавач на „Лице в лице“, од редовите на партнерската организација Црвен крст на Град Скопје. Тој беше меѓу првите менторирани лица од програмата Менторство за работна интеграција (социјално менторство), преку која ги зајакна своите вештини и вработливост. „Лице в лице“ и Црвен крст на Град Скопје му се поддршка во континуитет. Минатата година се вработи, а остана да продава електронски преку неговата онлајн продавничка.

Неговата најголема желба за оваа година е да може да почне да се движи самостојно.
Бидејќи не е во можност да работи, му значи поддршката од сите негови луѓе. Во негово име, упатуваме порака до сите вас кои редовно купувате од него, и овој пат, да купите електронско списание – од неговата онлајн продавница. Собраните средства ќе ги вложиме во процесот за негова рехабилитација – за секојдневните физиотерапевтски услуги и друга поддршка која му е најнеопходна, велат од Лице в Лице.

Ви пожелувам Среќна Нова 2024 година на сите! Вие секогаш ме мотивирате, и кога купувате списание од мене, картички, честитки, и кога ми испраќате поддршка преку социјалните мрежи. Така и сега, верувам дека ќе имам голема поддршка од сите вас, драги луѓе. Јас не можам да ви го донесам списанието, но можам да ви испратам виртуелни прегратки на сите! Со купување на електронско издание на „Лице в лице“, преку мојата продавничка на овој линк ја поддржувате мојата рехабилитација. Ви благодарам од срце! – вели Кико

 

 

 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СПМ со поддршка до Синдикатот на контролорите: Со надеж дека ќе преовладее разумот и правдата

Следно

ФАО: Светските цени на храната достигнаа најниско ниво во последните 3 години

Latest from Blog

Хоџа: Преку партнерство со ЕУ до посилна заштита на природното богатство

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, оствари средба со амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Михалис Рокас, при што беше потврдена заедничката заложба за заштита и одржлив развој

Божиновска на Денот на македонските инженери: Државата мора да инвестира во знаење и кадар

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше и се обрати на одбележувањето на Денот на македонските инженери, по повод 106 години од основањето на првото македонско здружение на инженери,
Go toTop