Д-р Митевски за ТВ 24: Во моментот на несреќата бев дежурен на одделението за интензивна кардиолошка нега, вакви трагични настани никогаш да не се повторат

December 22, 2024
1 min read

 

Градските власти соопштија дека околу 100 полицајци, медицински лица и пожарникари, како и 50 лица од спасувачките тимови реагирале на местото на нападот на божикниот базар во МАГДЕБУРГ.

Меѓу медицинскиот персонал имало и двајца лекари од Македонија за што јавно се заблагодари и македонската амбасада во Берлин. 

-Горди со д-р Златко Станковски и д-р Владимир Митевски. Златко е од Прилеп, а Владимир од Радовиш. Тие работат како специјалисти за интерна медицина и интензивна нега во болницата во Магдебург. 

Овде сите сме длабоко потресени  од нападот на божиќниот базар во центарот на Магдебург. Во моментот на несреќата јас бев дежурен на одделението за интензивна кардиолошка нега. Додека доктор Станковски  се наоѓаше на друг божиќен базар, оддалечен околу 500 метри од местото на нападот. вели за ТВ 24 д-р Владимир Митевски кој вршејки си ја професионално својата работа помогна во лекувањети и спасување на животите на повредените на божикниот базар во Магдебург. Д-р Митевски вели дека за нападот дознале преку ефикасен систем  кој се практикува во Германија  и истиот е за алармирање на сите лекари за итна медицинска помош во случаи на  трагедии и природни катастрофи. 

-Информацијата брзо се прошири.  Во болницата веднаш беше формиран кризен штаб составен од раководните лица. На терен пристигнаа многу колеги кои не беа на должност, вклучувајќи доктори од различни специјалности, медицински сестри, помошен персонал. Организацијата и солидарноста беа на највисоко ниво, вели д-р Митевски. 

-Во нашата  болница беа примени 11 пациенти со тешки повреди и 67 со полесни повреди. Д-р Митевски изрази надеж  дека во иднина  вакви трагични настани никогаш нема да се повторат. Тој заедно со доктор Станковски  се благодарни до сите жители на Магдебург за нивната  хуманост и  поддршка во овие тешки моменти.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Омерагиќ нов претседател на ФФМ

Следно

УХМР: Утре ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд и снег

Latest from Blog

Нова урбана зона во Битола – конкурс за најдобро идејно решение

Основна цел на конкрсот е да се добие квалитетно урбанистичко – архитектонско и пејсажно решение за нова спортско-рекреативна зона во АРМ – Битола, со компатибилни мали комерцијални и деловни намени, следејќи ги

Сeјфулаху: Кризата на Блискиот Исток и глобалното влијание – психолошка перспектива

Тензијата на Блискиот Исток и нејзините ефекти врз глобалната економија, особено во секторот на нафта и енергија, создадоа бран на несигурност и анксиозност кај луѓето ширум светот. Зголемувањето на цените, економската нестабилност

САД подготвуваат копнена офанзива против Иран?

 Американскиот претседател и натаму тврди дека преговорите со Техеран добро напредуваат, Иран категорично негира, а разногласијата повторно ја вивнаа цената на нафтата на 110 долари за барел, особено по информациите дека Пентагон

Димитриевски: Прагматично зголемување на минималната плата и цврста линија за ЕУ и уставните измени

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, оцени дека минималната плата треба да се зголеми, но тоа да се направи врз основа на договор меѓу работодавачите и синдикатите, водејќи сметка
Go toTop