Д-р Гроздановска: Нов современ дигитален систем за прием, поставени монитори за повик на пациенти и бар-код читачи за скенирање на упатите

January 24, 2025
1 min read

Изминатиот период Универзитетски институт – Клиничка биохемија презема низа активности за реорганизирање и подигнување на степенот на здравствена услуга за пациентите и евидентно е променета сликата во оваа јавна здравствена установа.

-Покрај обезбедување најсовремена апаратура од неколку различни реномирани произведувачи, Клиничка биохемија иницираше и воведе современ дигитален систем за нумериран редослед за прием на пациенти и поставени се монитори за повик на пациенти и информации. Исто така, набавени се бар-код читачи  за скенирање на упатите со што се забрзува процесот на регистрирање и прием на пациентите на шалтерите, вели д-р Николина Гроздановска, директор на УИ Клиничка биохемија.

Д-р Гроздановска вели дека тимската работа е клучна и само заеднички може да се придонесе за унапредување на работата на здравствената установа.

-Изразувам посебна благодарност за сите здравствени работници кои даваат свој придонес за позитивните промени кои ги реализираме во интерес на пациентите. Наша заедничка цел е подигнување на квалитетот на здравствената услуга и подостоинствен третман за нашите пациенти, вели таа. За потсетување, во оваа установа набавена е најсовремена апаратура, реализирани се обуки за вработени со што скратено е времето за добивање здравствена услуга и прием на пациентот. Со новите иницијативи, новата организација и тимска работа, како и новата обезбедена апаратура од 4 реномирани производители резултатот е видлив од самиот почеток при влезот на овој Универзитетски институт до добивањето на здравствената услуга, а бенефитот за пациентите е забрзување на процесот за прием, кој претходно беше просечно околу 2 часа, а со новата опрема овој временски период е максимум 15 минути, вели таа.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Хрватска бојкот на продавници – Економисти: Добро освестен потрошувач може да влијае на цените

Следно

Шефицата за надворешна политика на ЕУ нагласи посилна соработка со Туркије

Latest from Blog

Мерц остро одговори на заканите на Трамп: Доколку сакате да помогнете…

На конференцијата „Иницијатива за идни инвестиции“ (FII) во Мајами Бич, Флорида, Трамп прво повторно ги нападна сојузниците на НАТО, Франција и Велика Британија. Потоа се сврте кон Германија. „Германскиот канцелар – сите

Мерц остро одговори на заканите на Трамп: Доколку сакате да помогнете…

На конференцијата „Иницијатива за идни инвестиции“ (FII) во Мајами Бич, Флорида, Трамп прво повторно ги нападна сојузниците на НАТО, Франција и Велика Британија. Потоа се сврте кон Германија. „Германскиот канцелар – сите

Министерството за спорт и САДУ потпишаа колективен договор: Етапно зголемување на платите до 21% и бројни придобивки за вработените

Министерството за спорт претставено од министерот Борко Ристовски и Синдикатот на администрација, државна управа и правосудство (САДУ), претставуван од претседателот Благоја Ралповски, денеска склучија Колективен договор за вработените во Министерството. Ова, како

Град Скопје ја разреши директорката на „Лајка“

Град Скопје донесе одлука за разрешување на директорката на ЈП „Лајка“, Радмила Пешева, што предизвика остри реакции кај здружението за заштита на животни Анима Мунди, од каде велат дека станува збор за
Go toTop