Црногорците избираат меѓу Ѓукановиќ и Милатовиќ на вториот круг од претседателските избори

April 2, 2023
1 min read

Кандидатот за претседател Мило Ѓукановиќ е апсолутно убеден во својата победа и смета дека никој не му е рамен. Неговиот противкандидат Јаков Милатовиќ најави дека Ѓукановиќ ќе биде испратен во политичка пензија

Во Црна Гора утринава во 7 часот се отворија сите 1 162 гласачки места во вториот круг од претседателските избори, а вечерва, по 20 часот, ќе слави само еден од двајцата кандидати – актуелниот шеф на државата и кандидат на ДПС, Мило Ѓукановиќ или кандидатот на движењето „Европа сега“ (ПЕС), Јаков Милатовиќ.

Двајцата кандидати освоија најмногу гласови во првиот круг на гласање – актуелниот шеф на државата, Мило Ѓукановиќ освои 35,37 отсато од гласовите, додека младиот политичар од движењето „Европа сега“, Јаков Милатовиќ, гласањето пред 14 дена го заврши со поддршка од 28,92 отсто од гласовите.

Ако победи, ова ќе му биде трет мандат на Ѓукановиќ (61) како претседател на Црна Гора. Тој уште од изборната ноќ по првиот изборен круг изјави дека е апсолутно убеден во својата победа и смета дека никој не му е рамен, а на граѓаните им вети подобар стандард на реални основи, зачувување на граѓанската држава и членство во ЕУ во следните пет години.

Кандидатот на ПЕС, Јаков Милатовиќ (36) во изборната вечер по првиот изборен круг рече дека претседателските избори биле пресвртница и дека во вториот круг Ѓукановиќ ќе биде испратен во политичка пензија. Тој во кампањата ги праша граѓаните „дали сакаат уште пет години со Мило?“ Тој им вети излез од темнината на режимот на Ѓукановиќ, борба против криминалот и корупцијата и просперитет на Црна Гора.

Право на глас на претседателските избори имаат 542 154 граѓани. Најмногу гласачи има во Подгорица – 143 608, а најмалку во Шавник – 1 777.

Овие претседателски избори се четврти од обновувањето на независноста и осми од воведувањето на повеќепартискиот систем.

Досега претседатели на Црна Гора беа Момир Булатовиќ, Филип Вујановиќ и Мило Ѓукановиќ.

Претседателот се избира со мандат од пет години.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Експресно одбиено барањето на Арсовска да го врати споменикот на Ќосето

Следно

Муцунски: Лицата со аутизам ја имаат нашата поддршка, подготвени сме заеднички да ги надминеме сите предизвици и пречки

Latest from Blog

Евровизија пропаѓа: Уште еден победник го враќа трофејот поради учеството на Израел (ВИДЕО)

Откако победникот на Евровизија 2024, Немо, јавно објави дека го враќа својот победнички трофеј на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), друг победник на Евровизија одлучи да го стори истото. Тоа е ирскиот пејач

ФОТО: Дали имате природен магнетизам? Првото нешто што го забележувате открива дали…

Овој интересен визуелен тест ја користи перцепцијата како забавен начин за да ѕирнете во вашиот внатрешен свет. Ве повикува да истражите како вашите први импресии од една едноставна слика може да ги

Митева: Денешниот настап на СДС претставува сериозна штета за медиумскиот простор во Македонија кој мора да биде јасно осуден

Како човек кој секојдневно е во директна комуникација со Вас, медиумите и новинарите, чувствувам обврска јавно да реагирам. Премолчувањето во вакви ситуации би значело дека се откажуваме од одговорноста што ја имаме

Хаос во Индија: Само што си замина Меси – на теренот летаа шишиња (ВИДЕО)

Посетата на Лионел Меси на Индија беше одбележана со инцидент во Калкута, каде што настана хаос откако незадоволни навивачи влетаа на теренот на стадионот „Солт Лејк“, објавија локалните медиуми. По пристигнувањето во
Go toTop