Чуповска: Безбедносната состојба во земјата стабилна, исплата на обврските кон вработените во МО и Армијата

November 14, 2024
1 min read

Безбедносната ситуација во земјата е стабилна, граѓаните се безбедни, надлежните институции од областа на безбедноста се во секојдневна координација и комуникација согласно ингеренциите, истакна денеска државната секретарка во Министерството за одбрана, Елизабета Чуповска, на дебатата фокусираната на прашањата од областа на внатрешните работи, правдата и одбраната.

Чуповска посочи дека состојбата по прашањето на безбедноста е стабилна и во регионален аспект, со одлична комуникација на сите субјекти од сферата на безбедносниот сектор со стратешките партнери и сојузниците од НАТО.

– Придонесот што Македонија го има во регионалната безбедност е соодветно валоризиран и потврден од НАТО сојузниците. Ние сме повеќегодишен контрибутор во мисијата КФОР на Косово, а значајно придонесуваме во мисијата на ЕУ во БиХ. По однос актуелните безбедносни случувања, активно придонесуваме и во гарантирањето на колективната безбедност, што го докажуваме со нашето активно учество во мултинационалните сили распоредени во Летонија, Бугарија и Романија, рече таа.

Чуповска меѓу другото посочи дека изминатиот период имало пропусти во однос исплатата на обврските кон вработените во Армијата и МО гарантирани со Колективниот договор, што резултирало со голем број тужбени побарувања што најголем дел завршиле на извршител, во вкупна вредност над 17 милиони евра.

– Со соодветна анализа обезбедени се финансиски средства преку ребалансот на буџетот од јули, со релокација на средства. Заклучно со крајот на оваа година ќе бидат исплатени сите обврски кон вработените. Нема да дозволиме во иднина да не се почитуваат правата на вработените, рече таа.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган во Анкара го пречека катарскиот емир Ал Тани

Следно

Мицкоски: Барањата на турските бизнисмени се логични и очекувани и како Влада вложуваме максимални напори тоа да биде реализирано

Latest from Blog

Иранците излегоа на улиците и ги запалија знамињата на САД и на Израел

Снимките од местото на настанот покажаа запалени американски и израелски знамиња, вообичаена глетка на прорежимските митинзи во Иран. Други мавтаа со ирански знамиња и носеа фотографии од врховниот лидер на Иран Моџтаба

Симеоне до Гризман: Ти си човек достоен за восхит, те сакам многу

Диего Симеоне зборуваше пред првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите помеѓу неговиот Атлетико Мадрид и Барселона. Двата тима се сретнаа пред неколку дена за време на викендот во натпревар од

Иран се согласи повторно да го отвори Ормускиот теснец за време на двонеделното примирје

Во изјава во име на Врховниот совет за национална безбедност на Иран (SNSC), Абас Арагчи рече дека привременото повторно отворање на теснецот ќе биде во „координација со вооружените сили на Иран и
Go toTop