Чулев: Реформите кои ги правеше Оливер Спасовски се покажаа неуспешни, затоа ни се случуваат злоупотреби во разузнавачко-безбедносниот сектор

September 2, 2025
1 min read

Во „Тема на денот“ во централниот Дневник на телевизија Сител, гостуваше Наќе Чулев, поранешен министер за внатрешни работи и поранешен директор на АР, кој истакна дека со незаконското користење на капацитетите на Агенцијата за национална безбедност е направена штета врз правата и слободите на граѓанинот, истакнувајки дека Јавното обвинителство може многу лесно да ја лоцира одговорноста за сета злоупотреба врз основа на поднесени известувања и дигитална форензика.

„На тој начин е нанесена сериозна штета врз правата и слободите на граѓаните, нанесена е штета врз угледот на државата, разнишана е довербата во институциите од безбедносниот систем. Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност работат по стрикни утврдени правила и принципи на работење, така да многу е лесно да се детектира каде е одговорноста. Во Агенцијата за национална безбедност треба да се утврди дали навистина постоела законска основа за одредено лице да биде таргет на службата, во медиумите преструеја информации дека се работи за следење на комуникации, меѓутоа не е само следење на комуникации доколку одредено лице е таргет на службата освен следење на комуникации има и физичко следење 24/7, така да, доколку ЈО сака вистински да ја утврди и лоцира одговорноста помеѓу раководителите и вработените, тогаш тоа може врз основа на известувања кои што се поднесени до сега, но и врз основа на дигитална форензика“, рече Чулев.

Чулев посочи дека реформите кои се донесени во времето кога Оливер Спасовски бил раководител на безбедносно разузнавачкиот систем се покажале како тотално неуспешни, укажувајќи дека токму од тие причини сето ова е поттик за нови реформи кои ќе конципираат транспарентна и одговорна разузнавачка служба.

„Реформите коишто ги правеше Оливер Спасовски после сите овие злоупотреби на системот очигледно се неуспешни, бидејќи не ги штитат интересите на државата и граѓаните, туку ги штитат интересите на одредени поединци и политички структури. Наместо реформите да вродат со плод, во смисла на поголема заштита на интересите на државата и на граѓаните тие доведоа да сегментите од разузнавачко безбедносниот сектор и самите продуцираат бројни безбедносни скандали и корупциски афери за што бевме сведоци , реформите се неуспешни затоа пак ни се случуваат злоупотреби во рамките на разузнавачко безбедносниот сектор. Од тие причини ова е добар поттик за да се спроведат вистински реформи коишто ќе конципираат една модерна разузнавачка служба којашто ќе биде одговорна, одржлива и транспарентна“, вели Чулев.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нил Јанг во новата песна го навредува Трамп и повикува „да се исчисти Белата куќа“ (ВИДЕО)

Следно

Пеглани пиперки по стар рецепт

Latest from Blog

Фото: Млада пејачка во секси издание

Многу од нив вложиле труд во стилизирањето за оваа вечер, па тоалетите им биле навистина посебни и инспиративни. Во морето од разновидни модни избори, особено се издвои импресивниот стајлинг на младата и мегапопуларна пејачка

Фото: Млада пејачка во секси издание

Многу од нив вложиле труд во стилизирањето за оваа вечер, па тоалетите им биле навистина посебни и инспиративни. Во морето од разновидни модни избори, особено се издвои импресивниот стајлинг на младата и мегапопуларна пејачка

Фото: Млада пејачка во секси издание

Многу од нив вложиле труд во стилизирањето за оваа вечер, па тоалетите им биле навистина посебни и инспиративни. Во морето од разновидни модни избори, особено се издвои импресивниот стајлинг на младата и мегапопуларна пејачка

Каков е животот во најрелаксираниот град во светот?

Холандскиот град Ајндховен е прогласен за најрелаксиран град за живеење во светот. Според анкетата спроведена од компанијата за дигитални финансии „Ремитли“, овој потценет европски град е прогласен за најрелаксирано место за живеење

Мистериозна ЖЕНА ВО БЕЛО ШЕТА НИЗ БЕЛГРАД, сведоците и медиумите немаат објаснување!

Во текот на ноќта, жителите на Белград беа сведоци на морничави сцени на жена во бело кои се појавуваа на улиците. Снимките од социјалните медиуми документираа необјаснети сцени кои дополнително ја интригираат
Go toTop