Човек доби модифициран бубрег од свиња, прво вакво пресадување во историјата

March 22, 2024
1 min read

Свински бубрег првпат е успешно пресаден на жив човек, во американската Општа болница во Масачусетс. Според соопштението, генетски преуредениот орган од свиња бил трансплантиран на 62-годишен маж од САД кој живеел со бубрежна болест во краен стадиум.

Инаку, во случајов се работи за ксенотрансплантацијата – пресадување органи или ткива од еден вид на друг. На тоа науката гледа како на можно решение во случај на недостиг на органи.

Хирурзи од Центарот за општа трансплантација ја спроведоа операцијата во саботата и таа траела четири часа. Извршната директорка на установата, Ен Клибански изјави дека истражувачите и лекарите со ова ги поместуваат границите на медицината и науката.

– Минаа речиси 70 години по првата успешна трансплантација на бубрег, а нашите лекари уште еднаш си ја покажаа посветеноста да обезбедиме иновативни третмани и да помогнеме во олеснување на товарот на болеста за нашите, и другите пациенти во светот, нагласи Клибански.

Свинскиот бубрег, инаку, бил генетски преуреден за да се отстранат штетните свински гени и да се додадат човечки гени за да се подобри неговата компатибилност со човекот. Пациентот добро закрепнува и се очекува наскоро да биде пуштен дома, соопштија од болницата.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Наташа Шавија откри детали за насилството: „Доби напад сличен на шизофренија, во телефонот имав“…

Следно

Извршен увид на местото каде е пронајден починатиот лекар во Железара

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop