Членките на Г-7 ќе обезбедат долготрајна безбедносна помош за Украина

July 12, 2023
1 min read

Сојузниците на Киев ги засилуваат своите формални аранжмани за заштита на Украина на долг рок. Не смееме да дозволиме да се повтори она што се случи во Украина, вели британскиот премиер

ФОТО: EPA-EFE/TOMS KALNINS

Членките на Г-7 денеска на Самитот на НАТО во Вилнус, треба да ратификуваат долготраен пакет на безбедносна помош за Украина. Тоа ќе вклучува воена опрема, обука и размена на разузнавачки информации, пренесува Би-би-си. Ова доаѓа еден ден откако украинскиот претседател ја критикуваше неподготвеноста на НАТО да му понуди на Киев временска рамка за приклучување во алијансата.

Британскиот премиер Риши Сунак рече дека договорот ќе испрати силен сигнал до рускиот претседател Владимир Путин.

„Сојузниците на Киев ги засилуваат своите формални аранжмани за заштита на Украина на долг рок. Не смееме да дозволиме да се повтори она што се случи во Украина. Поддршката на Киев на патот кон членството во НАТО, како и на формалните, мултилатералните и билатералните аранжмани од страна на членките на НАТО ќе испрати јасна порака до рускиот претседател и ќе го врати мирот во Европа“,

додава Сунак.

Американскиот претседател Џо Бајден претходно предложи модел за Украина сличен на договорот на неговата земја со Израел. Според тој договор, Вашингтон се обврза да обезбедува воена помош од 3,8 милијарди долари годишно во текот на една деценија. Но, за разлика од членството во НАТО – ова не вклучува клаузула за директна помош за време на напад.

Соопштението на Г-7 доаѓа откако НАТО рече дека не е време Украина да се приклучи на воената алијанса, одложување кое Зеленски го нарече апсурдно.

Киев прифаќа дека не може да се приклучи на НАТО додека е во војна со Русија, но сака да се приклучи што е можно поскоро по завршувањето на борбите.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Втор ден од Самитот на НАТО во Вилнус

Следно

Ковачевски од Вилнус: Безбедноста и стабилноста на Западен Балкан зависи од брзата евроатланска интеграција на регионот

Latest from Blog

Нова етапа на соработка на Организација на жени и Комисијата за еднакви можности во Советот на Општина Битола

Најстарата женска организација во градот – Организација на жени Битола, денеска обелодени дека во изминатите 4 години имале прекината соработка со Комисијата за еднакви можности при Советот на Општина Битола, алудирајќи на

Идентификуван е сторителот на масакрот во училиштето во Канада- земјата во шок

Џеси Стренг е идентификуван како вооружениот напаѓач во пукањето во Тамблер Риџ, потврди CTV News. Канадските медиуми објавија дека тој извршил самоубиство по крвавото дивеење. Знамињата на половина копје Знамињата на федералните

Андоновски: Државата не планира ограничувања на социјалните мрежи за младите, но може да отвори јавна расправа

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски вели дека државата не планира ограничувања на социјалните мрежи за младите, но оти може да се отвори јавна расправа ако има интерес од родителите. На новинарското

Европол конфискува фалсификувани банкноти во висина од 1,2 милијарди евра

Во операција на Европол откриени и конфискувани се фалсификувани пари во висина од 1,2 милијарди евра, соопшти денеска Агенцијата со седиште во Хаг. Повеќемесечната операција била спроведена во Австрија, Бугарија, Хрватска, Чешка,
Go toTop