Член на обезбедувањето на Мицкоски тргувал со службени тајни, полицијата го приведе

April 1, 2025
1 min read

МВР соопшти дека на 30.03.2025, по претходно добиени сознанија за сторено кривично дело „оддавање службена тајна“ по член 360 од Кривичниот законик, од страна на полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во координација со ОЈО ГОКК спроведена е координирана полициска акција и реализирани се истражни дејствија за претрес на дом, возила и лица на подрачјето на СВР Велес.

При спроведувањето на полициската акција и преземените мерки и активности, на паркинг просторот пред хотел во Велес, во возило “БМВ” затекнати се А.С., полициски службеник во Одделот за заштита на определени личности и објекти и Б.К., а при  извршен претрес во возилото пронајден е ранец со службени материјали од МВР и од лицата се одземени мобилни телефони, по што се лишени од слобода.

Во рамки на акцијата, дополнително се извршени претреси на повеќе локации, при што се пронајдени и одземени електронски уреди, службени документи и други предмети релевантни за истрагата.
Исто така, од преземените мерки и активности во процесот на проверка, ОВККИПС констатира дека полицискиот службеник постапувал спротивно на законските и подзаконските акти на Министерството за внатрешни работи, со што истиот неовластено поседувал службени материјали,  нивно  откривање на трети лица надвор од министерството, а со кои дејствија го извршил кривичното дело по член 360 од КЗ.

Од страна на ОВККИПС до ОЈО ГОКК на 31.03.2025 година ќе биде поднесена кривична пријава против А. С., за кривично дело „оддавање службена тајна“ по член 360 од Кривичниот законик.

Некои од медиумите објавија дека зад иницијалите А.С, стои Ангел Сарамаков, припадник на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски. Идентитетот на другото лице не е откриено.

Од Владата потврдија дека безбедноста на премиерот Мицкоски не е загрозена и дека надлежните институции го истражуваат случајот за да утврдат дали има дополнителни ризици или вмешаност на други лица.

Иако засега не се соопштени детали за тоа какви доверливи информации биле оддавани и на кого, останува отворено прашањето дали „бизнисот“ на Сарамаков е поврзан со криминалните структури во Скопје или со активности на 6-тата управа, каде што тој бил вработен.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Германски ски-скокач се повлече од натпреварувањето поради страв од висина

Следно

Денеска е светски ден на шегата, во Македонија нема да се одбележува поради трагедијата во Кочани

Latest from Blog

Проданоски: Соработката меѓу општините е двигател на развојот

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП

Божиновска: Стартува голем инвестициски циклус за енергетска обнова на јавните згради

Денес се одржа онлајн координативен состанок со сите релевантни чинители во процесот на енергетска трансформација, на кој учествуваше и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, при што беше означен

Комерцијална банка најликвидна, а ЗОИЛ Македонија со доминантен блок – МБИ10 со пад од 0,15%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 30 март 2026 година, индексот МБИ10 се намали за 0,15% и заврши на 9.918,01
Go toTop