Чија креација е Љупчо Палевски-Палчо – одговара премиерот Ковачевски

December 7, 2023
3 mins read

„Што правел бившиот претседател на Либерално-демократска партија на состаноци со Љупчо Палевски? Што правел генералниот секретар на Демократски сојуз на состаноци со Љупчо Палевски, минатата година? Што правеле на состаноци, за што разговарале… Јас го имам прашано претседателот на Франција, Макрон – дали знае во неговата амбасада во Скопје, какви луѓе се примаат на разговори“, рече премиерот и лидер на СДСМ во интервју за „360 степени“

Од вечерашното издание на „360 степени“ на МРТ1

По докажувањата на јавна сцена за тоа чиј е Љупчо Палевски-Палчо, првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, одговор на ова прашање побаравме од премиерот Димитар Ковачевски кој е гостин во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1.

Од ВМРО-ДПМНЕ деновиве велат дека „власта на СДСМ, водена од партиски интереси, негува монструозен лик како Палевски, кој прераснал во Франкенштајн“. Од друга страна, пак, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, не одговори на прашањата зошто се среќавал со Палевски и што разговарал на тие средби.

Премиерот и претседател на СДСМ на оваа тема вели:

„Видете, јас не знам чија креација е Палевски, меѓутоа едно ќе ви кажам. Кој ми правеше на мене гилотина минатата година во јули пред Собрание? Кој ми правеше јавно судење минатата година тука пред Влада? Кој организираше фрлање молотови коктели врз Министерството за надворешни работи? Кој ја организираше толпата којашто сакаше да влезе во зградата на Владата при усвојувањето на европскиот предлог? Кои луѓе беа таму, се сеќавате? Се сеќавате дека таму беше и тој Палевски што го спомнувате и претседателот на Левица и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, и претставници на медиуми, и еден член на Државна комисија за спречување на дискриминација, се сеќавате дека јас неколкупати укажував дека има странски агентури коишто го финансираат тоа, а за тоа ќе треба да направите интервју со други лица, не со мене. На пример, со претставници на безбедносни органи. И ако е нечиј тој Палевски, тогаш е на тие коишто цела година тоа го организираа“.

Димитар Ковачевски – премиер и лидер на СДСМ

На прашање зошто Палевски не е санкциониран иако, во серијата кривични и прекршочни дела, во мај годинава е фатен како носи пиштол за којшто немал дозвола, Ковачевски вели дека тоа се прашања за истражните и правосудните органи. Посочи и дека „истата таа група“ правела монтирани видеа на „Тик-ток“ и од неговата малолетна ќерка, а праша и што правеле на состаноци со Палевски минатата година поранешен претседател на ЛДП и генералниот секретар на Демократски сојуз.

Ковачевски: Знаете што ѝ правеа на мојата малолетна ќерка на „Тик-ток“ со монтирање на видеа? Тоа се истите тие луѓе, истата таа група. И затоа кога ги прашуваат кога се гледале – не одговараат. Еве, јас ќе ви додадам. Што правел поранешниот претседател на Либерално-демократска партија на состаноци со Љупчо Палевски? Што правел генералниот секретар на Демократски сојуз на состаноци со Љупчо Палевски, минатата година, што правеле?

360°: Која Либерално-демократска партија?

Ковачевски: Либерално-демократска партија на Македонија. Бившиот претседател, што правел на состаноци со Љупчо Палевски? Еве јас ве прашувам, испитајте.

360°: Чекајте, Жерновски е поранешниот претседател.

Ковачевски: Не е Жерновски бившиот, тоа е бивши пред бившиот. Еве, јас ви поставувам прашање, што правеле?

360°: Амбасадорот во Словенија?!

Ковачевски: Што правеле на состаноци, што разговарале?

360°: За амбасадорот во Словенија зборувате?

Ковачевски: Јас го имам прашано претседателот на Франција, Макрон – дали знае во неговата амбасада во Скопје, какви луѓе се примаат на разговори.

360°: На кого алудирате, кого примаат таму на гости?

Ковачевски: Мора еднаш истражните и правосудните органи во оваа држава да ги идентификуваат сите коишто работат против интересите на државата и на институциите на државата, коишто се под влијание на странски агентури, кои шират хистерија и коишто прават сè, оваа држава да не може да продолжи во нормален евроинтеграциски процес.

Премиерот одбегна да одговори на дополнителните потпрашања дали кога зборува за екс-лидер на ЛДП мисли на актуелниот амбасадор на земјава во Словенија, Горан Милевски, и за тоа кои луѓе оделе на гости во француската амбасада во Скопје. Генерален секретар на Демократски сојуз, пак, и минатата година и сега е Зоран Димитровски.

Инаку, Палевски е првоосомничен во двата засебни, но поврзани случаи на грабнување и убиство – прво на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, а потоа и на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје. Тој успеа да ја напушти државата пред органите на прогонот да поведат постапка против него.

Првично, Палчо со неговиот адвокат Васко Стојков заминал за Белград, Србија, а потоа, со друг возач – Стефан Димковски од Струмица, кој е негов пријател, успеал од Србија преку Бугарија да стигне до Турција.

По распишувањето меѓународната потерница, Палевски беше фатен во градот Баликесир во Турција.

Покрај него и возачот Димковски, осомничени за убиствата се и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски. Се товарат за две кривични дела грабнување од член 141 од Кривичниот законик, како и две убиства на свиреп начин (едно на малолетно лице и едно од користољубие) казниви по член 123 став 3 од Кривичниот законик.

Осомничен е и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој се товари дека помогнал при грабнувањето на девојчето, давајќи информации во колку часот неговата ќерка ќе излезе од дома.  

Сите се во притвор, освен Палевски, за кого Министерството за правда денеска испрати барањето за екстрадиција и наведе дека очекува позитивен одговор од Турција.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонски визуелни уметници: Разговор со Роберт Јанкулоски

Следно

Николоска: Фактот што ова се случувачо кога Скопје било под засилено обезбедување, ја покажува дрскоста на осомничените

Latest from Blog

Божиновска: Нема да има прекини во греењето, државата има доволно резерви на мазут

Граѓаните нема да почувствуваат никакви прекини во снабдувањето со топлинска енергија, иако ЕСМ побара прогласување кризна состојба. Министерката за енергетика, Сања Божиновска, денеска на брифинг со новинарите порача дека државата има доволно

Комерцијална банка, Алкалоид и Македонијатурист најтргувани на денот

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 22 декември 2025 година, индексот МБИ10 порасна за 0,23%, достигнувајќи ниво од 10.114,76 поени,

Храна која го олеснува живеењето ВО УСЛОВИ НА ЗАГАДЕН ВОЗДУХ

Во текот на зимските месеци, жителите на урбаните средини многу често се изложени на зголемени концентрации на загадувачки материи во воздухот, што неповолно влијае првенствено врз респираторните и кардиоваскуларните функции. Покрај стандардните

Николоски објави видео: Буквално пробиваме планини, најтешкиот дел од автопатот Охрид-Кичево го решаваме со 14 галерии

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски објави видео од работите на автопатот Кичево-Охрид. -НАЈТЕШКИОТ ДЕЛ од автопатот Охрид-Кичево го решаваме со изградба на 14 ГАЛЕРИИ кои прв пат се изведуваат во

Проданоски: Турскиот јазик е важен дел од културниот мозаик во Прилеп

По повод Денот на наставата на турски јазик, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати искрени честитки до сите наставници, ученици и образовни работници кои ја негуваат и унапредуваат наставата на мајчин
Go toTop