Четврти консултативен настан за измените и дополнувањата на Законот за локална самоуправа

February 17, 2025
1 min read

Министерството за локална самоуправа денеска ќе организира  четврти консултативен настан за измените и дополнувањата на Законот за локална самоуправа, кој ќе го отвори министерот Златко Перински.

Меѓу учесниците ќе бидат дел од експертскиот тим вклучен во процесот – проф. д-р Александар Спасеновски, проф. д-р Гордан Георгиев и проф. д-р Мемет Мемети. На настанот ќе присуствуваат и градоначалниците на општини на Скопје, градоначалници на општини од Скопскиот и од Североисточниот плански регион, претставници од УНДП и од невладини организации.

Настанот се организира со поддршка од проектот „Зајакнување на општинските совети“, финансиран од Владата на Швајцарија и Министерството за локална самоуправа, а кофинансиран и имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП, во соработка со други национални институции и единици на локална самоуправа. 

-Целта на овој настан е да овозможи активно вклучување на локалната самоуправа и невладините организации во процесот на подготовка на измените и дополнувањата на Законот, со што се обезбедува поголема транспарентност и инклузивност, соопшти Министерството за локална самоуправа.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Претседателот на ФИА сака тим од Кина во Формула 1

Следно

Бројот на заболени од грип во Хрватска го достигна врвот, 30 лица починале од компликации

Latest from Blog

Министерката Божиновска најави продолжување на попустите на горивата до 6 април

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека преземените мерки од страна на Владата, во комбинација со конкретни чекори од економските оператори, даваат резултати – цените на горивата се

Општина Битола: Во тек е прием на иницијативи за енергетски капацитети

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги информира сите заинтересирани инвеститори дека 1 април е краен рок за поднесување иницијативи за изградба на енергетски објекти со инсталирана моќност помала од 1

Земјотрес со магнитуда од 7,6 степени регистриран во Тихиот Океан во регионот на Тонга

Според информациите на Американскиот институт за геофизика, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 238 километри под морското дно. И минатата година во овој период, поточно на 30 март, силен земјотрес со

Земјотрес со магнитуда од 7,6 степени регистриран во Тихиот Океан во регионот на Тонга

Според информациите на Американскиот институт за геофизика, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 238 километри под морското дно. И минатата година во овој период, поточно на 30 март, силен земјотрес со
Go toTop