Четврта ненадејна смрт во врвот на Лукоил: Почина потпретседателот Виталиј Робертус

March 14, 2024
1 min read

Потпретседателот на Лукоил Виталиј Владимирович Робертус ненадејно почина на 54-годишна возраст, ​​се наведува во соопштението од компанијата.

Веднаш по завршувањето на студиите, Робертус почнал да работи во Лукоил како економист. „Во текот  на повеќе од 30 години работа во Лукоил, тој ја стекна почитта од своите колеги не само во компанијата, туку и во индустријата во целина. Добитник е на државни и ресорни награди за успех во развојот на домашното гориво и енергетскиот комплекс“, се додава во соопштението.

„Украинска правда“ пишува дека ова е четврти висок менаџер на Лукоил кој починал во последните две години. Владимир Некрасов, претседател на Одборот на директори на Лукоил, почина во октомври 2023 година од срцева слабост.

Некрасов застана на чело на Лукоил откако Равил Маганов, неговиот претходник, почина при пад од прозорецот на Централната клиничка болница во Москва во август 2022 година. Александар Суботин, поранешен генерален директор на компанијата, почина во мај 2022 година, а неговото тело беше пронајдено во приватна куќа. Истрагата утврдила дека и Суботин починал од срцева слабост. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Данската влада планира да воведе задолжителен воен рок за жените

Следно

Ќе се стави ли крај на проблемот со издавањето на лични документи?

Latest from Blog

Дебакл на италијанските екипи во ЛШ, Норвежаните покажаа дека може да парираат и на најдобрите

По комплетирањето на второто коло од Лига на шампиони, вкупно девет екипи имаат максимални шест бодови, а осум екипи немаат освоено ниту еден бод. Од 18-те натпревари кои се одиграа синоќа и

Иран со жесток одговор до САД : Пропаѓањето на нашата економија е илузија

Гувернерот на Централната банка на Иран, Абдолнасер Хемати, на состанокот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Бангкок во понеделник изјави дека тврдењата на САД дека економијата на Иран се урива се „илузии“,

„Ова не може да се спореди со ништо претходно, имотот на најпознатите американски брендови се уништува. Белата куќа молчи“

И покрај тоа што Русија ги интензивира нападите врз објекти во Украина поврзани со американски корпорации, американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација не реагираат на тоа на никаков начин, објавува CNN.
Go toTop