Четворицата кандидати за прв човек на ОН во своите излагања го ставија мирот на прво место

April 23, 2026
2 mins read

Претендентите за функцијата генерален секретар на ОН неделава се заложија за организација која е поангажирана во мировните напори, но истовремено избегнуваа цврсти ставови за тековните кризи кои би можеле да ги вознемират државите од кои зависи нивната иднина.

Чилеанката Мишел Башеле, аргентинецот Рафаел Гроси, костариканката Ребека Гринспан и сенегалецот Маки Сал, кои се надеваат дека ќе го наследат Антонио Гутереш на 1 јануари 2027 година, поминаа по три часа во вторникот и вчера одговарајќи на најразлични прашања од 193-те држави членки и од претставници на граѓанското општество.

И покрај овој „голем устен испит“, воведен во 2016 година, Генералното собрание може да го избере генералниот секретар дури по препорака од Советот за безбедност, каде што петте постојани членки – САД, Кина, Русија, Велика Британија и Франција – имаат право на вето. Дискусиите во Советот за безбедност треба да почнат кон крајот на јули, а гласањето во Генералното собрание веројатно ќе се одржи на есен.

Сите кандидати ја истакнаа итната потреба од враќање на довербата во ОН – организација која е на работ на финансиски колапс и чија важност понекогаш се доведува во прашање во свет опустошен од рекорден број конфликти од крајот на Втората светска војна наваму. Тоа, според нив, треба да почне со зајакнување на посредничката улога на нејзиниот лидер.

Мишел Башеле се заложи за генерален секретар кој ќе биде присутен таму каде што има проблеми за решавање.

Рафаел Гроси опиша иден лидер на ОН кој навистина оди на терен.

Маки Сал предложи „преосмислена улога“, со цел ОН „да си го вратат местото на светската маса“.

Ребека Гринспан беше подиректна, велејќи дека генералниот секретар „мора да презема ризици“. Таа додаде: „Ние станавме организација која е премногу претпазлива кон ризикот. ОН потфрлаат само кога не се обидуваат“.

Многу малку од прашањата беа посветени на конкретни конфликти, како тие на Блискиот Исток или во Украина, а кандидатите често се воздржуваа од конкретни одговори, повторувајќи ја својата приврзаност кон почитувањето на Повелбата на ОН.

На прашање за Газа, Гринспан сепак се изјасни за непречен пристап на хуманитарната помош и поддржа долгорочно решение во кое „Израел и Палестина живеат во мир и безбедност“.

Маки Сал, пак, ја нагласи „човечката трагедија“ на израелско-палестинскиот конфликт.

Надвор од овие сослушувања, претходните позиции и дејствија на кандидатите исто така несомнено ќе влијаат врз изборот. Претставници на Републиканската партија веќе го повикаа Вашингтон да ја блокира Мишел Башеле поради нејзината заштита на правото на абортус. Рафаел Гроси, кој моментално раководи со Меѓународната агенција за атомска енергија, е директно ангажиран со чувствителни теми, особено со иранската нуклеарна програма.

Додека петте постојани членки остануваат многу воздржани во однос на нивните очекувања, следниот генерален секретар може дури и да не биде ниту еден од овие четворица кандидати, коментираат светските агенции.

Според ротирачкото правило, по кое се менуваат регионите, новиот генерален секретар би требало да биде од Латинска Америка, а едно од правилата подразбира и дека првиот човек на организацијата никогаш не доаѓа од редовите на петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН – Британија, Кина, Франција, Русија и САД. 

Извор: vecer.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Вински фестивал во Битола: Три дена вино, музика и добра атмосфера

Следно

Trendafilov: Gjatë gjithë vitit 2025, vetëm 46 punëtorë morën një pagë të barabartë me mesataren

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: ИФЦ е клучен партнер за инвестиции и економски раст

16 јуни 2026 година, Скопје – Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска се обрати на првиот „Ден на ИФЦ“ во Македонија, настан организиран од Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ). Во своето обраќање, министерката истакна

Комуналец – Прилеп: Во тек е санација и бојадисување на клупите во Паркот на револуцијата – Могила

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп ги информира граѓаните дека во Паркот на револуцијата – Могила се спроведуваат активности за санација и уредување на урбаната опрема. Како дел од редовното одржување на паркот, извршена
Go toTop