Четворица малолетници затруени, со повреди по телото примени на Токсикологија

July 12, 2024
1 min read

Четворица малолетници се пронајдени попладнево во безсознание во куќа во Скопје. Тинејџерите во моментот се на лекување на Клиниката за Токсикологија. Докторите се обидуваат да ја дознаат причината за нивната здравствена состојба, а повикан е и дежурниот персонал. 

Според информации на Сител, тие се во сериозна здравствена состојба, а забележани се и повреди на нивното тело. 

Неофицијално, во организмот на малолетните лица била присутна поголема количина на лекови. Истите попладнево биле пронајдени во куќа во Скопје.

-Денеска полициски службеници од СВР Скопје постапиле по пријава за нарушен јавен ред и мир и при тоа е утврдено дека во куќата на Д.Г. (40) имало четири малолетни лица, од кои две биле во безсознание и истите консумирале алкохол и психотропни супстанци. Лицата се пренесени на клиниката за токсикологија, информираат од МВР.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Англиските пабови очекуваат голема заработувачка за финалето од ЕП

Следно

Новак Ѓоковиќ се пласира во своето 10-то финале на Вимблдон

Latest from Blog

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE
Go toTop