Четири момчиња загинаа во Албанија откако се запалил нивниот автомобил по судир со камион

March 20, 2025
1 min read

Четири момчиња на возраст од 20 до 25 години загинаа во тешка сообраќајна несреќа, што се случила пред полноќ на патниот правец Фуш През – Вора, кај Тирана.

Автомобилот марка „мерцедес”, на бензин и плин, во кој биле момчињата, се судрил со камион-бетониерка, по што се запалил.

Првичните наоди од увидот потврдуваат дека бетонската мешалка се движела со мала брзина, а возилото во кое се наоѓале младите се движело со голема брзина.

Како што објавија албанските медиуми, патот не бил осветлен и како резултат на тоа младите не можеле да ја видат бетонската мешалка.

Возачот побегнал од местото на несреќата, но подоцна бил приведен.

Несреќата ја забележала полициска патрола, по што биле известени противпожарни служби за гаснење на пожарот. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ломбард: Франција ќе создаде одбранбен фонд од 450 милиони евра

Следно

Пораст на дневните, но сè уште минусни утрински температури

Latest from Blog

Катар: Иран премина многу црвени линии, нападите имаат катастрофални последици

Предупредувањето доаѓа во време кога војната меѓу САД, Израел и Иран продолжува без знаци на крај на повидок, објави Ал Џезира. Ал-Ансари на денешната прес-конференција изјави дека нападите на Иран врз Катар

Баражи за СП: Босна „гори“, ќе игра на Светско, пеналите ја носат и Чешка на Мундијал (ВИДЕО)

Босна слави! Италија не успеа да ја преживее Зеница и повторно не успеа да обезбеди пласман на Светско. Босанците ја победија четата на Џенаро Гатузо по подобро изведување на пенали, откако по
Go toTop