Четири лица загинаа од истрели во Лос Анџелес, САД

January 28, 2024
1 min read

ЛОС АНЏЕЛЕС (АА) – Четири лица загинаа во синоќешниот инцидент што американската полиција на Лос Анџелес го окарактеризира како убиство и самоубиство во областа Гранада Хил, известува Анадолу.

Полицијата интервенирала синоќа по пријавата и во авенијата Лердо ги открила телата на четири лица.

„Инспекторите утврдија дека станува збор за убиство и самоубиство“, соопшти Полициската управа на Лос Анџелес.

По примениот повик, полицијата пристигнала на местото на настанот и тропнала на вратата, но немало одговор. По насилното влегување во куќата, пронајдени се безживотните тела на маж во доцни 40-ти години и две жени, една во доцни 40-ти и втора околу 80 години.

Сите починале од прострелни рани, соопшти полицијата.

Полицијата пронајде тело на уште еден маж во доцни 80-ти, кој извршил самоубиство со истрел од огнено оружје во друг дел од куќата.

Се верува дека тој претходно ги убил жртвите, а потоа извршил самоубиство.

„Имало сведок во куќата и за среќа, тој не е повреден во текот на инцидентот. Се забарикадирал внатре и ја повикал полицијата“, соопшти полициската службеничка Кели Мјуниз.

Полицијата не ги објави имињата на жртвите, ниту можниот мотив.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Напад во црква во Истанбул: Двајца мажи отвориле оган врз верниците, едно лице е убиено

Следно

Палестинска организација тврди: Рапидно зголемена поддршката за Хамас на Западниот брег

Latest from Blog

Млекара со доминантен промет преку блок-трансакција – МБИ10 со минимален пад од 0,03%

Вкупен промет од 483,21 милиони денари и стабилен ОМБ – сесијата обележана од блокови Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од

Коњановски: Градоначалничкиот мандат започна со нови градинки, спортски терени и дигитализација

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, го презентираше отчетот за првите 100 дена од новиот мандат, истакнувајќи дека фокусот е на инфраструктура, образование, спорт, култура и енергетска транзиција. Во овој период беше

Никола Ѓурѓај: „Нема да молчиме пред одлуки штетни за македонското население“

Македонското друштво “Илинден“-Тирана остро се спротивставува на отворањето мигрантски центри на територијата на општина Пустец. Сметаме дека ваквата одлука е донесена без претходна консултација со локалното население, без организирање јавна расправа
Go toTop