Четири лица загинаа, девет се повредени во руски напади во повеќе региони во Украина

December 24, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Четири лица загинаа во нападите на руските сили во различни региони на Украина, изјави денес официјален претставник, додавајќи дека украинските сили собориле и 14 дронови, пренесува Анадолу.

Олександр Прокудин, гувернерот на јужниот украински регион Херсон, преку Телеграм соопшти дека четири лица загинале, а девет се повредени за време на гранатирањето во текот на ноќта во тој украински регион.

„Руската војска ги гаѓаше станбените квартови во населените области во регионот, медицинските установи, една образовна институција и објектите на клучната инфраструктура во Херсон“, рече тој.

Преку друго соопштение, украинската војска објави дека соборила 14 руски беспилотни летала во нападите на повеќе региони во земјата.

„Ноќта кон 24 декември 2023 година, руските окупатори започнаа напади со 15 беспилотни летала од типот „Шахед“ од регионот Приморско-Ахтарск“, соопштија Украинските воздухопловни сили.

Според соопштението, 14 дрона користени за време на нападите биле соборени во регионите на Миколаив, Кировохрад, Запорожје, Дњепропетровск и Хмелницки, со системите за противвоздушна одбрана.

Руските власти се немаат огласено во врска со нападите, а независната проверка на тврдењата на Украина е тешка поради воените услови.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Газа достигна 20.424

Следно

Европски вредности од гепек: Владини функционери предизборно делат брашно, шеќер, кафе, сол

Latest from Blog

Божиновска: Повисоки плати за поефикасна и одговорна администрација во Министерството за енергетика

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и претседателот на САДУ – Синдикатот на администрацијата и државната управа, Благоја Ралповски, официјално го потпишаа поединечниот колективен договор со кој се предвидува

Коњановски: Широк сокак ќе добие европски изглед

На денешната седница на Советот на Општина Битола свое обраќање имаше градоначалникот на Битола Тони Коњановски. Во продолжение интегрално го објавуваме неговиот говор. „Како Општина сериозно и темелно ги решаваме проблемите во

Нови гнасотилаци од лабораторијата на лаги на Сашка Цветковска

Во својата последна видео-сторија под наслов „Цената на правдата“, во која се зборува за наводни злоупотреби на вишите јавни обвинители Мустафа Хајрулахи и Јове Цветановски, ИРЛ и уредничката Сашка Цветковска пласираат шпекулација
Go toTop