Четири години по смртта на Џорџ Флојд се уште нема полициски реформи во САД

May 25, 2024
1 min read

Денеска се навршуваат четири години од смртта на Џорџ Флојд како последица на полициско насилство. Инцидентот што се случи во Минеаполис, сојузна држава Мичиген, предизвика невиден бран протести во САД и низ целиот свет при што милиони повикуваа на правда и запирање на насилството засновано на расна омраза. И покрај мноубројните масовни протести, Конгресот се уште е далеку од усвојување на бараните реформи во полицијата на сојузно ниво.

Неколку членови од семејството на Флојд неделава беа во Вашингтон во посета на Конгресот на средби со конгресната група за пријателство со црномурестите, а за подршка да се усвои нацрт законот за полиција наречен Правда за Џорџ Флојд.

Мерката поднесена од тексашката претставничка Шејла Џексон Ли ќе овозможи поригорозни реформи за одговор на полициските службени престапи и зајакнување на стандардите за одговорност во полицијата.

Кога Претставничкиот дом беше под контрола на демократите нацрт законот беше изгласан двапати, во 2020 и во 2021 година. Предлогот повикуваше на ограничување на квалификуваниот имунитет на службените лица, спречување расно профилирање и употреба на прекумерна сила. Но, не помина во Сенатот, по неуспехот во преговорите меѓу сенаторот Кори Букер, демократ од Њу Џерси и неговиот колега од Јужна Каролина, републиканецот Тим Скот, а по предлогот да се забрани давењето, налозите за апсење без чукање на врата и проширување на напорите за сојузно собирање податоци.

Флојд (46) беше усмртен откако Дерек Шовин, полицаец од Минеаполис, клечеше на неговиот врат повеќе од девет минути додека Флојд речиси без здив велеше „не можам да дишам“. Инцидентот, фатен на видео, предизвика глобални протести и срамнување на сметките на расна основа кои се случуваа во текот на беснеењето на пандемијата со коронавирус во 2020 година. Шовин беше обвинет и моментално служи казна затвор од 22 и пол години.

Братот на Флојд, Филонис, и неговата сопруга за „Си-би-ес њуз“ неделава изјавија дека тој се уште има кошмари за смртта на неговиот брат. 

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ердоган: Анкара ќе продолжи со притисокот врз Израел преку трговијата, дипломатијата сѐ додека не запре масакрот во Газа

Следно

Македонија е на врвот на листата на депортации од Германија

Latest from Blog

Самит на БРИКС 2025: Што е следно за блокот во пресрет на средбата на лидерите во Бразил?

ИСТАНБУЛ (АА) – Лидерите и претставниците на алијансата БРИКС денес и утре во Рио де Жанеиро ќе го одржат 17-тиот годишен самит, пишува Анадолу. Самитот доаѓа во услови на зголемени геополитички тензии,

Таки Фити: Македонскиот јазик е заштитен во „Францускиот предлог“, губиме драгоцено време

Рацин.мк, во оваа епизода од серијата „Имаме неколку прашања за вас“ оствари интервју со академик Таки Фити. Како што е познато, негова специјалност е економскиот развој на земјите во развој, претприемништвото, економијата

Ајатолахот Хамнеи првпат се појави во јавност од примирјето со Израел

Иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи вчера првпат се појави во јавност од примирјето со Израел постигнато на 24 јуни. Тој учествуваше на верска церемонија во Техеран. Според снимките објавени на иранската

Најтажниот гол во кариерата на Мбапе, посветен на Диого Жота (ВИДЕО)

Килијан Мбапе влезе во игра во второто полувреме, а во судиското продолжение стрелаше прецизно за водство од 3-1 во победата на Реал Мадрид над Борусија Дортмунд во четвртфиналето од клупскиот мундијал. Погодокот
Go toTop