Честитка од Џафери по повод првиот ден на светиот месец Рамазан

March 23, 2023
1 min read

Почитувани граѓани, припадници на исламската вероисповед, Дозволете ми, од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија и од мое лично име, да упатам честитки по повод првиот ден на светиот месец Рамазан, со кој почнува и триесет дневниот рамазански пост. По тој повод, упатувам желби до сите граѓани кои ќе бидат дел од тоа искушение за телото, умот и душата, да најдат во себе сила, верба, желба и мотив да го пребродат со леснотија физичкиот пост и менталното и душевно прочистување, вели Талат Џафери, претседател на Собранието на Република Северна Македонија во честитката по повод првиот ден на светиот месец Рамазан.

-Тоа ќе ни помогне на сите да се нурнеме длабоко во себе, да го најдеме најдоброто во нас и да го шириме и споделуваме со нашите блиски членови од семејството, со соседите, соработниците и со познати и непознати околу нас. Живееме во тешко време на предизвици од сите видови како економски, енергетски, политички, безбедносен, здравствен, социјален, општествен и многу други. Многумина околу нас се изгубија или го загубија патот што го следеа. Да бидеме нивното светло, нивниот зрак на надеж кој што ќе им го осветли патот за да не се чувствуваат осамени. Да бидеме солидарни, милостиви, полни разбирање и почит за немоќните и несреќните. Тоа ќе ни ги исполни душите со радост, домовите со убава и позитивна енергија, спокој и благосостојба а добрите мисли и дела нека бидат нашата водилка секој ден, не само за време на Рамазанскиот месец од кој се надевам дека ќе излеземе подобри луѓе за нас самите и за сите околу нас.

Почитувани верници, дозволете уште еднаш да Ви го честитам првиот ден на Рамазан, да ви посакам лесни и прифатени пости!, стои во честитката.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Медведев: Секој обид за апсење на Путин би значел објава на војна против Русија

Следно

Детали за земјотресот што ја погоди Албанија: Почувствуван и во Македонија

Latest from Blog

Охридско езеро во фокусот на меѓународната соработка: средба Меџити – Агелер

Првите вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, денеска оствари средба со амбасадорката на САД, Ангела Агелер, на која дискутираа за унапредување на соработката во заштитата и одржливиот развој на Охридското

Личната претставничка на генералниот секретар на ОН за кипарското прашање во посета на Кипар

 Личната претставничка на генералниот секретар на Обединетите нации за кипарското прашање Марија Анхела Олгин се очекува денеска да пристигне на Кипар, каде што утре ќе се сретне со кипарскиот претседател Никос Христодулидис,

ВЛЕН обвинува за системска корупција во МНР за време на мандатот на Османи

На прес-конференција, Арбер Кадриу од ВЛЕН-Чаир го обвини Министерството за надворешни работи за сомнителни, незаконски и исклучително скапи набавки за време на мандатот на поранешниот министер Бујар Османи. Документите што ги обезбеди
Go toTop