Чешкиот претседател: Време е да го воведеме еврото

January 2, 2024
1 min read

Прага вети дека ќе го усвои еврото кога ѝ се приклучи на Европската Унија пред речиси 20 години, но не е поставена конкретна временска рамка за тоа

Чешкиот претседател Петр Павел го искористи своето прво новогодишно обраќање по преземањето на функцијата за да повика на воведување на еврото во Чешка.

Петр Павел, претседаттел на Чешка, Фото: EPA-EFE/Christophe Ena / POOL MAXPPP OUT

„Дојде време да почнеме да преземаме конкретни чекори кои ќе доведат до исполнување на оваа обврска. За централно-европска земја со отворена, извозно ориентирана економија, заедничката валута е логична иднина,

изјави Павел.

Поранешниот началник на Генералштабот на вооружените сили Павел, е на чело на оваа членка на ЕУ и НАТО со околу 10,8 милиони жители од март 2023 година. Тој победи на претседателските избори кои се одржаа во јануари освојувајќи 58,12 отсто од гласовите, додека неговиот противник, поранешниот популистички премиер, сега лидер на опозицијата, петтиот најбогат тајкун во Чешка, Андреј Бабиш (68), освои 41,87 отсто од гласовите.

Чешката Република има своја валута, круната. Прага вети дека ќе го усвои еврото кога ѝ се приклучи на Европската Унија пред речиси 20 години, но не е поставена конкретна временска рамка за тоа. Либерално-конзервативната влада, предводена од премиерот Петр Фиала, се уште не успеала да се договори за датумот за воведување на еврото.

Сепак, промената на законот што стапи на сила на крајот на годината им овозможува на компаниите кои најголемиот дел од прометот го остваруваат во евра да ги чуваат сметките во таа валута. Од чешката стопанска комора велат дека многу големи компании и онака веќе си испраќаат фактури во евра.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пандал во семејниот дом – Загина млад охриѓанец

Следно

Јужнокорејскиот опозициски лидер прободен со нож во вратот за време на прес-конференција

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop