Чешка е подготвена да поддржи големи инвестиции во македонската енергетика

March 11, 2025
1 min read

Делегација предводена од министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска во Прага одржа работен состанок со директорот на економскиот сектор при чешкото Министерство за индустрија и трговија, Едуард Мурицки, и директорот за нови онологии, Јан Прашил.

Разговорите беа фокусирани на конкретни инвестиции во македонскиот
енергетски сектор, модернизација на капацитетите на АД ЕСМ и можностите за финансирање на капитални проекти од страна на чешката влада.

Министерката Божиновска истакна дека македонската влада е посветена на стратешко партнерство со Чешка и на реализација на проекти што ќе ја
забрзаат транзицијата кон одржлива енергетика.

„Во Чешка имаме стабилен партнер кој не само што има интерес, туку и
конкретна подготвеност да поддржи инвестиции во македонскиот
енергетски сектор. Разговаравме за директни вложувања, како и за
можности за поволно финансирање на големи инфраструктурни проекти со
чешки компании. Модернизацијата на капацитетите на АД ЕСМ е еден од
приоритетите, а токму во овој сегмент чешките компании имаат сериозен
капацитет и експертиза”, изјави министерката Божиновска.

Од чешка страна беше истакната подготвеноста за долгорочна поддршка, не само преку инвестиции, туку и преку финансиски инструменти што ќе обезбедат поволни услови за реализација на проектите. Директорот на економскиот сектор при чешкото Министерство за индустрија и трговија, Едуард Мурицки, потенцираше дека Чешка гледа конкретни можности за стратешка соработка.

„Чешката влада е подготвена да поддржи македонски енергетски проекти
преку инвестиции и поволни финансиски механизми. Особено сме
заинтересирани за соработка во делот на модернизацијата на
енергетските капацитети и имплементацијата на нови технологии кои ќе
придонесат за стабилност и одржливост”, – изјави Мурицки.

Директорот за финансии на АД ЕСМ, Иван Стојановски, нагласи дека новиот инвестициски циклус во обновливи извори е клучен за забрзување на зелената енергетска трансформација.

„За нас е исклучително важно да обезбедиме соработка со искусни партнери како Чешка, кои можат да помогнат во имплементацијата на одржливи технологии и да овозможат стабилни финансиски услови за нашите инвестиции”, – рече Стојановски.

Состанокот во Прага отвори конкретни можности за продлабочување на
енергетската соработка меѓу Македонија и Чешка, со акцент на инвестициските механизми што ќе го поттикнат развојот на енергетските капацитети и зелената транзиција.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Средношколците од гимназијата „Орце Николов“, пред Град Скопје протестираат против разрешувањето на директорот Димовски

Следно

Божиновска: Чешка е подготвена да поддржи инвестиции во македонската енергетика

Latest from Blog

Монако го шокираше ПСЖ среде Париз

ФОТО:.facebook.com/asmonaco Европскиот шампион го претрпе првиот пораз оваа сезона во Лига 1, во дербито против Монако, кој фуриозно ја започна новата сезона со сите три победи, и тоа на “Паркот на принцовите“

Поради величење на Ратко Младиќ: УЕФА ги казни Ц.Звезда и Борац Бања Лука

ФОТО:x.com/crvenazvezdafk Црвена звезда вечерва дозна лоши вести од УЕФА, а причината е одлуката на дисциплинската комисија на Европската куќа на фудбалот поради однесувањето на навивачите на српскиот шампион за време на натпреварот

Над 90.000 луѓе се јавиле на повикот на Дубаи да дојдат туристи и да ги донесат своите семејства и пријатели

Програмата, која нуди низа попусти и бенефиции, беше лансирана во јули со цел жителите да станат амбасадори на градот, пишува Euronews. На учесниците им беа понудени бенефиции во вредност од повеќе од
Go toTop