Челзи заработи огромна сума од СКП, но и утешната награда за ПСЖ не е лоша

July 14, 2025
1 min read

Фудбалерите на Челзи стекнаа огромна финансиска добивка со освојувањето на Светското клупско првенство. Англискиот гигант во финалето го декласира Пари Сен Жермен со 3-0 и го освои вториот трофеј во 2025 година, по триумфот во Конференциската лига во мај. Погодоците за тимот од „Стемфорд Бриџ“ ги постигнаа Палмер во 22. и 30. минута, како и Педро во 43. минута.

Со триумфот на Мундијалот, Челзи инкасираше вртоглава сума. Клубот заработи меѓу 114,6 милиони долари како победник на турнирот. Поразениот во финалето ПСЖ доби одлична утешна награда, бидејќи заработи 106,9 милиони.

Заработката е една од највисоките во историјата на клупскиот фудбал и може да се спореди со сумите што ги добиваат освојувачите на Лигата на шампионите.

На третата позиција според заработката е Реал Мадрид со 82,5 милиони долари, додека четвртопласиран е Флуминенсе со 60,8.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најмалку 15 Палестинци се убиени, повеќемина повредени во израелските напади низ Појасот Газа

Следно

Мицкоски: Преговорите со коалициските партнери се во тек и се движат во одлична насока

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop