Чекорите на развојот на Туркије во новата наставна програма

April 29, 2024
7 mins read

АНКАРА (АА)

– Селма КАСАП

Содржините за развојните проекти на Туркије се вклучени и во различни предмети во новата нацрт-наставна програма подготвена во рамките на Моделот за образование во столетието на Туркије, која ѝ беше претставена на јавноста од страна на Министерството за национално образование (МЕБ), пишува Анадолу.

Според информациите до кои дојде дописникот на АА од нацртот-наставната програма, во Моделот за образование во столетието на Туркије во програмата за турски јазик и литература, физика, хемија, биологија, математика, филозофија, географија, историја, наука, социјални студии, човекови права, часови за државјанство и демократија, покрај актуелните успеси, ќе стане збор и за различни содржини поврзани со развојните проекти на столетието на Туркије.

Во тој контекст, животот на Мустафа Кемал Ататурк, историјата на основањето на Република Туркије и нејзините развојни чекори се вклучени во предметот историја на турската револуција и ататуркизам.

Групите ќе ги презентираат своите истражувачки извештаи на час во наставата. Врз основа на информациите што ги добиле во текот на своето истражување, учениците ќе ја објаснат важноста да се биде храбар и промотор, прикажувајќи ги за пример националните индустриски чекори и националните технолошки достигнувања.

Покрај тоа, во согласност со темите и целите на учење опфатени во темата во работилниците за турско производство, од учениците ќе се бара да истражуваат турски научници, спортисти, уметници и други успешни лица што направиле важна научна работа во земјата и во странство, притоа користејќи печатени или дигитални ресурси, а потоа да подготват презентации поврзани со областите во кои се постигнати успесите.

На учениците ќе им биде овозможено информациите до кои дошле како резултат на своето истражување, да им ги презентираат на своите соученици усно, писмено или користејќи дигитални алатки.

– Ќе биде објаснета историјата на технолошкиот пат на Туркије во вселената

На часовите по природни науки во средните училишта на учениците може да им се даде задача да истражуваат радар за надзор на шумите развиен од АСЕЛСАН, кој работи со фреквентен опсег што му овозможува да надмине препреки, како што се дрвја, гранки и лисја и компатибилен е и со воени услови, со цел да се зголеми безбедноста од заканите што може да настанат во шумските области.

На овие часови ќе се дискутира и за студиите што ги спроведуваат ТУБИТАК ВСЕЛЕНА и ТУА.

На овие часови учениците ќе разговараат за датумот на летот на првиот турски астронаут Алпер Гезеравџи во вселената, неговата мисија и за значењето на симболот на неговата облека.

Ќе се зборува дека оптичките компоненти на домашните сателити, како што се леќите и призмите, се произведуваат во Туркије во Истражувачката лабораторија за оптички системи, основана под капата на ТУБИТАК Вселена.

На овие часови ќе се воведат практики за управување со отпадот и хиерархијата на „Нула отпад“, а првата фаза ќе се нагласи со намалувањето на потрошувачката. Ќе бидат објаснети концептите за нивна повторна употреба со процесот на рециклирање.

– Во наставната програма по географија вклучени се важни теми од турската картографија

На часовите по географија ќе се утврдува апсолутната и релативната позиција на Туркије. Во овој процес, со користење на различни аналитички методи, ќе се истакне важноста на карактеристиките на географската положба на Туркије, а развојот на националната свест на учениците ќе биде поддржан со дискусиите и нивните мислења и чувства на оваа тема.

Покрај истакнувањето на важноста на особините на локацијата на Туркије, ќе се дискутира и за мапите поврзани со поморскиот и воздушниот простор на Туркије.

Притоа ќе биде прикажана правната борба на Туркије против барањата што ги игнорираат нејзините законски и географски права на морските води, а ќе се нагласи и феноменот на патриотизам.

Ќе бидат вклучени теми, како што се студии за картографија, карти како политичко и воено средство и употребата на мапи за време на Војната за независност.

Простор ќе им се отстапи на историјата на турската картографија и на турските картографи Бируни, Такијудин, Ибрахим Мурсел, Пири Реис, Матракчи Насух, Сејди Али Реис, Али Мачар Реис, Ќатип Челеби, на нивните картографски истражувања, а значењето на картите, како политичко и воено средство за време на Војната за независност, ќе биде вклучено како тема во студиите за картографија на Туркије.

За време на наставата на ученците ќе им бидат дадени истражувачки задачи за климатските проекции на Туркије и акциониот план за климатски промени на Република Туркије.

Во дискусиите за Сината татковина (Црно Море, Медитеран, Егејско Море, Мраморно Море), ќе се обрне внимание на причините зошто Туркије не е членка на Конвенцијата на ОН за правото на морето, за нејзините права на меѓународните води денес и во иднина, или за Проектот за водоснабдување на Турската Република Северен Кипар (ТРСК). Ќе се направи осврт и на значењето на ТРСК за Туркије и турскиот свет.

– Стратегиските рудници во новата нацрт-наставна програма

На часот по географија учениците ќе бидат прашани и што претставуваат концептите за гаранција на храната, безбедноста на храната и синџирот на снабдување. Ќе се донесуваат заклучоци од анализираните информации во делот на земјоделските активности и безбедноста на храната и ќе бидат споделени крајните резултати.

Во објавите ќе бидат разгледани и важни настани во светот (војни, епидемии, глобални климатски промени, катастрофи итн.) што ја нарушуваат гаранцијата на храната, безбедноста на храната и синџирот на снабдување, како и влијанието на оваа ситуација врз Туркије и светската економија.

Стратегиските рудници ќе бидат дефинирани врз основа на нивните области на користење, достапност и придонесот во економијата. Во овој процес, преку мапи, ќе се испитува распределбата на стратегиските минерали на Туркије, првенствено на борот.

Ќе бидат презентирани предлози за местото на стратегиските рудници врз економијата и меѓународните односи на земјата.

Ќе се разговара за карактеристиката на Туркије како енергетски коридор и важноста на Сината татковина (поморските води) од аспект на производството на енергија. Покрај тоа, учениците ќе прават предвидувања врз основа на постојните податоци за промените и развојот што би можело да се случат во користењето на енергетските ресурси.

Освен тоа, ќе се зборува за значењето на домашното индустриско производство, првенствено на одбранбената индустрија, во надворешната политика на Туркије.

Може да се дадат истражувачки задачи за смарт транспортни системи, регионални трговски договори, слободни трговски зони, придонесот на турско-исламските историски дела во туристичките активности, историските споменици во Туркије што се на списокот на светско наследство на УНЕСКО, тивките градови и географските симболи.

– Екосистемски проекти во наставната програма по биологија

На часовите по биологија на учениците ќе им се презентира „Прогласување посебни области за заштита на животната средина и проекти за заштита на екосистемот“, еден од референтните проекти што ќе придонесат за реализација на визијата на столетието на Туркије.

Од учениците може да биде побарано да ги истражат потпроектите спроведени во рамките на „Проектот за заштита на езерото Салда“, еден од референтните проекти што ќе придонесат за реализација на визијата на столетието на Туркије, а во тој контекст да подготват истражувачки извештај што ги содржи важноста, природните ресурси и социоекономските вредности на заштитените подрачја во земјата да им бидат предадени на идните генерации.

Можно е на учениците како работна задача да им биде дадена проектна задача за процесот на развој на неактивната вакцина против КОВИД-19 (ТУРКОВАК), која во периодот на пандемијата ја развија проф. д-р Ајкут Оздарендели и неговиот тим, како и за работата на други турски научници на полето на развој на вакцини.

– Спроведување истражувања на полето на физиката

На часовите по физика може да се избере една од институциите или организациите што работат во областа на науката и технологијата во Туркије и светот и да се прочита текст за истражувањата и професиите поврзани со физиката. Преку прочитаниот текст ќе се дискутира за истражување на физичките науки во институции или организации, како што се ЦЕРН, НАСА, ЕСА, ТУА, ТУБИТАК, АСЕЛСАН, ТЕНМАК и МТА.

Учениците ќе спроведат истражување во согласност со пристапот СТЕМ (математика, инженерство, технологија и наука), а ќе се разговара за електричните возила и иницијативите на Туркије на ова поле.

Ќе бидат објаснети концептите за претворање на механичката енергија на водата во електрична енергија во хидроцентралите, како што се браните Ататурк и Кебан.

Учениците ќе добијат задача за начинот на добивање нуклеарна енергија, распространетоста на нејзината употреба во Туркије и други земји, нејзиниот придонес во економијата, како и за нејзините предности и недостатоци.

– Нанотехнологијата во наставната програма по хемија

Употребата на хемикалиите и безбедноста во врска со нив ќе бидат дадени како примери во рамките на Проектот за системи за откривање и дијагностицирање на хемиски, биолошки, радиоактивен и нуклеарен материјал (ЦБРН) и за слични активности.

Користејќи ги претпоставките за атомските теории, ќе се изведат заклучоци во однос на променливоста на научното знаење. Од учениците ќе се очекува да ги препознаат националните проекти што обезбедуваат развој и напредок на нивната земја, давајќи им примери на проекти спроведени од ТЕНМАК на атомско или субатомско ниво, во кои се користат акцелераторски технологии.

Ќе се даде решавање на проблеми во врска со ефектите на металите, легурите и металните наночестички врз екосистемот, ќе се даде да се чита материјал во кој се нагласуваат историскиот развој и важноста на одржливото земјоделство во Туркије, а може да се побара и научен труд за одржливи земјоделски практики.

Во делот од практиките настава-учење по предметот општествени науки во 8 одделение ќе има текстови во кои се зборува за првиот турски астронаут Алпер Гезеравџи и за националните развојни проекти, како што се беспилотни летала и вооружени беспилотни летала.

Исто така, учениците ќе ги толкуваат чекорите за националниот развој со нивните причини и последици на часовите именувани како „економија во нашите животи“.

Ќе бидат дадени примери за неодамна спроведените национални развојни чекори, за случувањата во областа на одбранбената индустрија, за ТВА (Турска вселенска агенција), за Информатичката долина (Informatics Valley), првиот домашен автомобил ТОГГ и студии за истражување и развој, како и за иновативни процеси што се ефективни во националниот развој.

При истражувањето на примерите ќе се осврнат и на влијанието и важноста на овие национални развојни чекори врз растот на државата во регионална и глобална сила. Од ученците ќе биде побарано да ги идентификуваат факторите што играат улога во појавата на националните развојни чекори.

– Турските политики за хуманитарна помош во наставната програма

На часовите за човекови права, државјанство и демократија во основните училишта ќе бидат претставени примери за придонесите на Туркије во активностите за хуманитарна помош во светот, а тоа ќе им овозможи на учениците да размислуваат и да го изразат своето мислење за концептот на солидарност.

Ќе се нагласи, поткрепено со примери, дека Туркије е една од земјите што спроведуваат најмногу хуманитарни активности во светот, пропорционално гледано според нејзиниот национален приход, а дека е домаќин и на многу луѓе на кои им е потребна помош.

На курсевите по филозофија цел е учениците да ги оценат филозофските прашања и проблемите поврзани со технологијата, притоа поврзувајќи ги со животот. Во рамките на филозофските прашања ќе се оценува потребата од технологија за човечкиот живот при природни катастрофи (земјотрес, свлечиште, пожар, поплава) и епидемиски заболувања во земјата.

Од тој аспект ќе се спроведат студии за да се истражат проектите што се спроведуваат во земјата. Од учениците ќе се очекува да ги изразат своите мислења за тоа како технолошкиот развој влијае врз нивните животи и што може да направат за да се справат со негативните ефекти на технологијата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Договор за вработување потпишан од принцезата Дијана две години пред да се омажи за тогашниот принц се очекува да достигне цена од илјадници долари на аукциј

Следно

Нов успех на македонски научници во светски рамки

Latest from Blog

Денот на албанското знаме во Скопје се прослави рафално, во Приштина и Тирана, достоинствено

Во Македонија се случи еуфорична прослава на албанско знаме, каква што немаше ниту во Косово ниту во Албанија. Тамошните граѓани, Денот на албанското знаме го прославија достоинствено. Во Тирана по повод 112

Македонија со убедлив пораз од Шведска го започна ЕП за ракомтарки

Женската ракометна репрезентација на Македонија со убедлив пораз од Шведска го почна настапот на Европското првенство, загубивме со 28-18. Македонските ракометарки имаа добар старт на мечот, поведовме и со 3-1, следуваше серија

Хаџи Јанев: Девастација на целиот систем 30 години, сите доајени на политикава се однесувале несоодветно

Во однос на состојбата во скривниците и нивното одржување, вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 проговори и проф. Методи Хаџи Јанев. Тој вели дека има девастација на целиот сектор речиси
Go toTop