Чекална во Центар – Предолго чекаме да тргне на подобро! креативно-активистичка акција на Центарот за современи уметности

September 23, 2023
1 min read

реклама



Во центарот на Скопје е поставена „Чекална“ во која секој граѓанин може да седне на столче и да „чека“ на борба против корупцијата, повисоки плати, за ефикасно судство, или пак за новите учебници за 3-то и 6-то одделение.

Станува збор за креативно-активистичка акција на програмата за уметнички и креативен активизам на Центарот за современи уметности од Скопје.

реклама

„Идејата на оваа акција е да оддадеме почит на просечниот македонски граѓанин – чекач кој веќе 30 години непрекинато чека. Чекаме за подобар стандард, за влез во ЕУ, за битка со корупцијата,  за подобро здравство. Година по година чекаме да се остварат неостварените ветувања, велат од Центарот за современи уметности.

Тие оваа  „Чекална“, по завршување на акцијата, ќе ја  донираат  за користење како стреа за автобуска станица во една рурална заедница во околината на Скопје за луѓето од тој дел да чекаат автобус кој сигурно ќе дојде .

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пораз на Јувентус кај Сасуоло (ВИДЕО)

Следно

Обдукцијата на скопјанецот кој беше пронајден мртов во станот што изгоре вчера во населбата Хром покажала дека тој бил убиен

Latest from Blog

Стабилизирани цените на горивата: Владата спречи ценовен шок и ги заштити граѓаните и економијата

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека со одлукaта на Владата и постапувањето на надлежните институции, се потврди клучната цел – спречено е поскапување на горивата и постигната
Go toTop