Чавушоглу: Туркије го одби предлогот на САД да го испрати системот С-400

May 7, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Вашингтон своевремено ѝ предложи на Туркије да го испрати на Украина одбранбениот систем С-400 што го купи од Русија, но Анкара го одби овој предлог, рече турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, известува Анадолу.

„САД бараат од нас да го испратиме С-400 во Украина, но ние одговоривме не“, рече Чавушоглу, објаснувајќи дека овие предлози се неприфатливи бидејќи се настојува да се урне турскиот суверенитет.

Турските официјални лица во повеќе наврати говореа дека нацијата ги купи системите С-400 заради национална безбедност и дека ниту една друга земја нема право да се меша во тоа.

Во 2017 година, кога долготрајните напори да купи систем за противвоздушна одбрана од САД се покажаа залудни, Туркије потпиша договор со Русија за набавка на најсовремениот систем С-400.

Американските официјални лица се противеа на поставувањето на овој ракетен систем во Туркије, тврдејќи дека С-400 би бил некомпатибилен со системите на НАТО.

Туркије меѓутоа нагласи дека С-400 нема да биде интегриран во системите на НАТО и дека нема да претставува закана за Алијансата или нејзиното вооружување. Анкара во повеќе наврати предложи формирање комисија што би го разјаснила ова прашање.

Запрашан за враќањето во програмата Ф-35, Чавушоглу рече дека Анкара не сака да се врати во програмата, туку сака да се врати од Вашингтон со парите што ги плати за борбените авиони пред да излезе од програмата.

„Анкара сега произведува сопствени авиони“, објасни тој, додавајќи дека Туркије исто така сака да ги унапреди врските со САД и дека за таа цел се воспоставени потребните механизми.

Според неговите зборови, Туркије сака да купи авиони Ф-16 и комплети за модернизација од САД.

Анкара побара авиони Ф-16 и комплети за модернизација од САД во октомври 2021. Договорот вреден 6 милијарди ќе вклучува 40 млазни авиони и комплети за модернизација на 79 воени авиони што турското воено воздухопловство веќе ги има.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

ДЛУМ избра членови на Управниот, Надзорниот и на Уметничкиот совет

Следно

Детектор анкета: Жените и мажите се рамноправни, но постои полова дискриминација при вработување

Latest from Blog

Индија ги повика своите граѓани во Пакистан да се вратат во земјата што е можно побрзо

ЊУ ДЕЛХИ (АА) – Индија денес побара од своите граѓани кои го посетуваат Пакистан да се вратат дома „најбрзо што можат“, по еден ден откако еднострано го суспендира билатералниот пакт за споделување

Министерство за култура : Исплата на платите е во тек и ќе заврши денеска

Министерството за култура и туризам денеска соопшти дека исплатата на платите за вработените во институциите од областа на културата во координација со Министерството за финансии е во тек и ќе заврши денеска.

Ердоган: Туркије има капацитет за организирање на сите меѓународни спортски настани

ИСТАНБУЛ (АА) – Туркије има повеќе од доволно капацитет за организирање на сите видови меѓународни спортски настани, вклучително и Олимпијадата, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Анадолу. Ердоган имаше обраќање

Инзаги: Интер има погуст распоред од другите тимови, но тоа не е оправдување за поразот од Милан

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги даде свој коментар за поразот од Милан (0:3) во полуфиналето на Купот на Италија. – Мораме да продолжиме да одиме напред. Има и физички и психички замор,
Go toTop