Чавушоглу: Палестина, џамијата Ал Акса и Ал Кудс се нашата црвена линија

April 7, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, остро го осуди израелскиот упад во џамијата Ал Акса, јавува Анадолу.

Чавушоглу денес во Анкара го прими рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Шефот на турската дипломатија на прес-конференција ги коментираше и упадите на израелските сили во џамијата Ал Акса.

„Однесувањето на израелската полиција е неприфатливо и нехумано. Палестина, џамијата Ал Акса и Ал Кудс се нашата црвена линија и никогаш нема да направиме отстапки за овие прашања“, рече Чавушоглу.

Тој потоа го повика Израел трајно да ги запре нападите врз Ал Акса и воздушните напади врз Појасот Газа.

Чавушоглу, исто така, рече дека би можел да одржи телефонски разговор со израелскиот министер подоцна во текот на денот за да ја изрази својата загриженост за неодамнешните израелски напади врз Палестинците.

Тензиите во регионот следуваа откако израелските сили упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса во окупираниот Источен Ал-Кудс/Ерусалим две ноќи по ред и насилно ги отстранија палестинските верници.

Чавушоглу се осврна и на последните случувања во контекст на војната меѓу Русија и Украина.

„Туркије е подготвена да даде поддршка за што поскоро завршување на војната меѓу Русија и Украина врз основа на меѓународното право“, рече тој.

Тој ја истакна и важноста на договорот за житото.

„Важно е да се обезбеди испорака на руски амонијак и ѓубриво. Договорот за жито помага во ублажувањето на глобалната криза со храна“, рече Чавушоглу.

Во јуни минатата година, Туркије, Обединетите нации, Русија и Украина потпишаа договор во Истанбул за продолжување на извозот на жито од три украински пристаништа на Црното Море, што беше суспендиран по почетокот на руско-украинската војна во февруари 2022 година. Благодарение на турските напори, договорот за жито беше продолжен за уште 120 дена во ноември минатата година и уште 60 дена во март годинава.

Тој ја коментираше и четирилатералната средба во руската престолнина Москва.

„Дијалогот треба да продолжи и би било корисно да се продолжат консултациите на ист начин“, рече Чавушоглу.

Тој додаде дека Анкара се надева дека дијалогот за Сирија ќе продолжи на „транспарентен и отворен“ начин.

Делегациите на Туркије, Русија, Иран и сирискиот режим на Башар ал Асад на 4 април го завршија дводневниот состанок во Москва и се договорија да продолжат со консултациите во врска со мировниот процес во Сирија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Утре ликовна работилница во скопската Зоолошка, ќе има и подароци

Следно

Кисела Вода е прва општина која воведе бесплатна помош при врсничко насилство

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop