„Часови без часовник“ на Владимир Мартиновски во МКЦ

May 28, 2025
1 min read

Денес, 28 мај (среда), со почеток во 21:00 во Галерија 2 во МКЦ ќе се отвори изложбата „Часови без часовник“, повразна со истоимената книга на Владимир Мартиновски. На изложбата се прикажуваат 15 негови дела во комбинирана техника на хартија, кои претставуваат илустрации во стихозбирката „Часови без часовник“ (сонетен венец во издание на Арс Ламина, 2025).

Изложбата ќе се отвори со поетско-музичка изведба на сонетниот венец, во која ќе учествуваат авторот, поетесата Билјана Стојановска и гитаристот Дарко Багески. 

Владимир Мартиновски е професор по општа и компаративна книжевност и актуелен декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Автор е на 11 поетски книги за возрасни, 3 стихозбирки за деца, 12 теориски и есеистички книги, 4 книги проза (хаибуни, раскази и куси прози), а составил и десетина антологии.

Неговата поезија е преведена на 20 јазици, а објавени се десетина избори од неговата поезија во странство. Добитник е на неколку награди за поезија, расказ и книжевна критика.

По минатогодишната изложба „Звучни слики“, изложбата „Часови без часовник“ е негова втора самостојна изложба. Во првата изложба во фокусот беше односот музика-сликарство, а во втората врските меѓу поезијата и сликарството.  Изложбата ќе трае до 4ти јуни.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Филип Маџунков го оперираше коленото

Следно

Мурињо: Бев растргнат во финалето на ЛЕ помеѓу Манчестер јунајтед и Тотенхем

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев
Go toTop