Чаби Алонсо: Нема да ги коментирам зборовите на Јамал

October 25, 2025
1 min read

Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, разговараше со медиумите пред утрешното Ел Класико против Барселона. „Кралевите“ имаат два бода предност на врвот, но се во серија од четири порази од нивните вечни ривали во дербито.

„Јасно е дека Класико е посебен натпревар, така е веќе многу години. Ова е првиот натпревар за овој нов проект и ни треба стадионот да ја има енергијата на големите натпревари… и конечно да можеме да славиме со нашите навивачи. Може да има слични ситуации (како во минатите дербија), ги анализиравме, но моментот е различен. Го анализиравме утрешниот натпревар и сакаме да ги искористиме максимално нашите силни страни“, започна Чаби, пред да биде прашан за провокативните зборови на ѕвездата на Каталонците, Ламине Јамал.

„Нема да обрнувам внимание на зборовите на Јамал, има многу изјави од луѓе од Барселона и не можам да ги анализирам сите. Она што ми е во главата е дека ќе биде интензивен и натпреварувачки натпревар. Мораме да бидеме подготвени, да се натпреваруваме на највисоко ниво и да ја имаме потребната енергија за да одиграме натпревар на највисоко ниво“, рече тренерот на Реал Мадрид.

Запрашан за одличната форма на ѕвездата Килијан Мбапе, специјалистот одговори:

„Го гледам во иста добра состојба. Исто толку мотивиран, ако не и повеќе, бидејќи знаеме што значи овој натпревар. Го гледам Килијан во добра состојба, како и сите други… кои добро се опоравија. Утре е моментот.“

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пронајдени црните кутии од урнатиот авион во Хонг Конг

Следно

Ѓурѓај му ја врачи наградата “Илинден” на претседателот на ФУЕН, Винце

Latest from Blog

УБАВИНА БЕЗ ФИЛТЕР: Зошто природниот изглед се враќа, по години перфекционизам

Уморни сме од совршенството што не постои – и конечно ја избираме автентичноста пред илузијата. Со години гледаме лица без пори, тела без несовршености и животи без грешки. Филтрите станаа вообичаени, а

Муцунски: Делегацијата во Давос беше насочена кон активна комуникација со компаниите кои би помогнале за развивање на домашната економија

Министерот за надворешна работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски вечерва истакна дека македонската владина делегација на Светскиот економски форум во Давос беше насочена кон активна комуникација со компаниите кои би помогнале за
Go toTop