Бурни политички реакции по извештајот на Вајц

July 11, 2025
1 min read

Нема да има ни милиметар поместување од позициите на земјата во однос на барањата на Бугарија реагира владејачката ВМРО-ДПМНЕ по вчерашните реакции на бугарското МНР за Македедонија во кои го спомнуваа и премиерот.

Времето на виткање кичма е поминато а барањата на официјална Софија за внесување на Бугарите во уставот не е ништо повеќе освен алатка за негација на државата  велат од најголемата владејачка партија. 

Од СДСМ пак велат остануваат на тоа што вчера го изнесе и нивниот лидер Венко Филипче дека тргањето на македонсиот јазик во извештајот на Вајц за Македонија е резултат на лошите политики на македонската дипломатија .

– За една година Македонија ја изгуби довербата кај стратешките партнери, што е единствено вина на оваа власт. Нема Мицкоски кон кого да покаже со прст, ветуваше гордост, а добивме понижување, ветуваа и лажеа дека можат подобро. Дека можат да обезбедат подобар договор со Бугарија, дека можат да обезбедат нова преговарачка рамка, дека се во периметарот и први во редот. Кажуваа дека имаат многу партнери кои нè разбираат и поддржуваат. За жал, ништо од тоа не се покажа како точно.

Последните случувања со извештајот за македонија предизвикаа политички прозивки и кај албанскиот политички блок откако крилото на Арбен Таравари ги праша доскорашните коалициски  партнери ВРЕДИ дали го сменија ставот во однос на евроинтегративните процеси па решија да останат во владата на Мицкоски .

– Премиерот Мицкоски изјавува дека Европа го покажа своето вистинско лице – опасна порака што ја оддалечува земјата од нејзините вредности и евроатлантскиот пат. Дали и вие се согласувате со овој став, претставници на ВЛЕН? 

ДУИ пак последниот извештај за Македонија го окарактеризира како шлаканица од Брисел за Македонија како резултат на лошите политики на владата на Мицкоски ВЛЕН и ЗНАМ, откако пак лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски веќе иницираше платформа за национално обединување.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Море од облаци” ги покри падините на планините Качкар во североисточна Турција

Следно

Одбележани три децении од геноцидот во Сребреница

Latest from Blog

Коњановски со честитка за Кркрдаш: Да ги негуваме обичаите и заедништвото

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, упати честитка по повод празникот Св. 40 Маченици – Кркрдаш, истакнувајќи дека овој ден претставува важен дел од културното и духовното наследство на градот. „Кркрдаш е

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи
Go toTop