Бујар Османи се спрема за претседател на државата, реагира албанската опозиција

February 9, 2024
1 min read

Европскиот сојуз за промени реагираше за можната кандидатура на Бујар Османи за претседателски кандидат од партијата ДУИ. Од албанската опозиција потсетуваат дека се работи за поранешниот министер за здравство Бујар Османи, во владата на Груевски за кого Специјалното обвинителство имало случај под името „Пациент“. Според опозицијата, Османи бил најкорумпираниот министер Албанец во тој период, а прашаа и која е неговата врска со руска компанија за респиратори за време на пандемијата?

„Некој можеби заборавил, но оние кои ги следат случувањата кај нас добро се сеќаваат на Бујар Османи како министер за здравство во владата на Груевски во годините 2008-2011. Негов единствен успех во тие години беше најкорумпираниот министер Албанец досега. Тој е единствениот функционер Албанец кој беше под истрага на Специјалното јавно обвинителство за случајот Пациент кој кога му требаше во 2017 година на СДСМ, молчеше. Освен тоа, додека тој тврди дека ќе се кандидира за претседател, на јавноста ѝ должи да одговори и на прашањето дали е вистина дека респираторите за време на пандемијата Ковид-19 се купени преку руска компанија и каква е неговата врска со оваа компанија?“, рече Амир Елези – ЕСП.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сопственикот на Наполи сака да го ангажира тренерот Пиоли

Следно

Пари за Дрин Ахмети за иновации, никој не проверил како се потрошиле

Latest from Blog

Израелски војници приведоа екипа на CNN, која известувала за нападот врз Палестинците (ВИДЕО)

Но, наместо да ги притворат доселениците или да ја отстранат нелегалната населба, војниците се свртеа кон палестинските жители на селото Тајасир и тимот на CNN кој известуваше за упадот, пишува CNN. „Стоп!

Манасиевски: Филипче по насока на ПР шефот Башановиќ спремил програма на СДС, како да не беа до пред 2 години власт

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција упати остри критики кон новата програмска понуда на СДСМ и поранешниот министер за здравство Венко Филипче. „Да не беше смешно, ќе

Муцунски: Со техничката влада во Софија не можеме да преговараме

Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски во вечерашното гостување во „Топ тема“ на телевизијата Телма рече дека имало иницијативи за состанок меѓу него, олеснувачи во меѓународните односи и тогашниот колега од бугарска
Go toTop