Бугарското МНР го повика македонскиот амбасадор: „Политичари даваат лажни изјави за Бугарија“

March 7, 2024
1 min read

Бугарското МНР објави дека го повикало вонредниот и ополномоштен амбасадор на Македонија во Софија во врска со, како што велат, недамнешните јавни коментари на политичари од соседната држава и од нив неточните тврдења во однос на Бугарија.  

Од Министерството нагласуваат дека категорично се противат на обидот Бугарија и билатералните односи да се вклучат во внатрешната политичка дебата во Македонија, вклучително и во контекст на актуелната изборна кампања. 

„Бугарија постојано одржува конструктивен тон и се воздржува од коментирање на постојаните провокации во јавниот простор на Северна Македонија. Тоа го прави со разбирање дека е неопходно да се обезбеди конструктивна средина за нормално одвивање на изборниот процес за да може да се спроведат потребните реформи. За жал, очигледно е дека овие напори на Бугарија не се разбрани и ценети од одредени фактори во Скопје, кои продолжуваат да ја користат нашата земја како изговор за недостигот на напредок пред своите граѓани“, велат од бугарското МНР. 

Ги повикуваат македонските политичари да ја покажат потребната политичка зрелост, да дадат конструктивен придонес во спроведувањето на политичките обврски преземени во 2022 година и строго да го почитуваат договорот за добрососедство од 2017 година.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Автопатите на Бехтел и Енка по една година – нема ни педа асфалт

Следно

Зарем Македонија чека штрк да и носи бебиња?

Latest from Blog

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи
Go toTop