Бугарско МНР: Софија нема нови услови за С Македонија, очекува исполнување на веќе договореното

July 16, 2023
1 min read

Опасни се обидите манипулативно да се претстават условите договорени и опишани во компромисот од 2022 година како некои нови барања на Република Бугарија, велат од бугарското МНР

Бугарија нема нови услови кон Северна Македонија. Напротив, таа искрено сака да го види својот сосед како напредува кон полноправно членство, преку успеси во реформскиот процес и напорите за градење добрососедски односи.

Ова е став на бугарското МНР објавен по, како што велат оттаму, многуте прашања од медиумите во врска со природата на европскиот компромис постигнат во 2022 година меѓу двете земји.

„Бугарија нема нови услови кон Северна Македонија. Напротив, таа искрено сака да го види својот сосед како напредува кон полноправно членство, преку успеси во реформскиот процес и напорите за градење добрососедски односи. Го очекуваме првиот чекор во овој процес, согласно обврските потпишани од Скопје во јули 2022 година – ‘…стапување во сила на измените на Уставот на Северна Македонија за граѓаните кои живеат на територијата на оваа земја и се дел од други народи, како што е бугарскиот народ, според внатрешните процедури’“,

се вели во соопштението на бугарското МНР.

Оттаму посочуваат дека договорите мора да се спроведуваат, без разлика дали се мултилатерални или билатерални, и дека неспроведување на веќе потпишаните договори ги поткопува довербата, конзистентноста и предвидливоста во односите меѓу државите и предизвикува одмазда.

„Од нашите пријатели во Северна Македонија секогаш очекуваме совесно исполнување на сите преземени обврски, а не обиди да се толкува дали процесот на европска интеграција бара нивно исполнување. Патот на Северна Македонија кон членството во ЕУ има јасно дефинирани параметри. Неодговорно и контрапродуктивно е да се нарушува тешката и деликатна рамнотежа со несоодветни и тенденциозни толкувања кои отстапуваат од критериумите јасно утврдени од Советот на ЕУ за оваа работа. Посебно опасни се обидите манипулативно да се претстават условите кои се веќе договорени и опишани во компромисот од 2022 година, како некои нови барања на Република Бугарија“,

пишува во соопштението.

За случајот со Пендиков, Бугарија потсетува дека вториот осомничен напаѓач сè уште не е уапсен и успешно бега од правдата, а првоосомничениот напаѓач го спречува спроведувањето на судските рочишта и побара да му биде вратен пасошот.

Во соопштението се вели дека Бугарија очекува Северна Македонија да докаже сериозност во гонењето на злосторствата од омраза врз Бугарите.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

За Украина НАТО секогаш значел беља

Следно

Путин: Русија ќе возврати ако се употреби касетна муниција против неа

Latest from Blog

На Зимските олимписки игри ќе нема агенти на ICE- заканите со протести ги одвратија

Ниту еден агент на американската Служба за имиграција и царинска контрола (ICE) не ја обезбедува американската олимписка делегација на Зимските олимписки игри Милано-Кортина, изјави денес за новинарите висок безбедносен службеник на Олимпискиот

На чичко Драги од Рекорд му е потребна помош: Го чекаат две операции, се наоѓа во болница

Драги Паровски, познат како Чичко Драги од Рекорд, повеќе од 30 години продава дре­бу­лии на својата тезга кај „Рекорд. По операцијата на рак на грло која ја имаше пред неколку години, чичко

Словенија најавува забрана за социјални мрежи за деца под 15 години

Словенечката влада усвои насоки за измени на законот со кои би се ограничило користењето на социјалните мрежи за деца помлади од 15 години, пренесе словенечката агенција СТА. Вицепремиерот Матеј Арчон изјави дека

Димитриеска Кочоска: Буџетските реформи ја зајакнуваат финансиската стабилност

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и членовите на Владата оствари средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, на која се разговараше за спроведувањето на

Под истрага е директорот на Светскиот економски форум поради поврзаност со педофилот Епштајн

Организаторот на самитот во Давос, со седиште во Женева, изјави дека ги испитува информациите од Министерството за правда на САД кои покажуваат дека Бренде имал три деловни вечери со Епштајн и комуницирал
Go toTop