Бугарскиот претседател стави вето на измените на Законот за поттикнување инвестиции кои ја загрозуваат заштитата на животната средина

April 29, 2024
1 min read

Бугарскиот претседател Румен Радев го искористи правото на вето на одредени одредби од Законот за поттикнување инвестиции, кои го загрозуваат уставно загарантираното право на бугарските граѓани на здрава животна средина, соопшти прес-секретарот на шефот на државата.

Радев без да ја оспорува потребата од забрзување на изградбата на објектите од стратешко значење, на нова расправа во Народното собрание ги враќа текстовите, чија имплементација би довело до намалување на степенот на одговорност на администрацијата за заштита на животот и здравјето на луѓето при реализација на проекти од големи размери.

Според него, законската регулатива треба да овозможи брза и квалитетна изградба на значајните објекти за Бугарија, но во исто време да биде во согласност со обврската на државата да ги заштити граѓаните и природата. Ваквиот принципиелен став на претседателот постојано се изразува при остварувањето на правото на вето. Ова е третпат, по указите од 2017 и 2019 година, кога Румен Радев се спротивставува на мерките слични на оние донесени во овој закон, соопшти прес-службата на шефот на државата.

Демонстранти против измените на Законот за заштита на животната средина се собраа на 19 април пред Собранието. Претставници на еколошки организации и граѓани изразија незадоволство што со измените на Законот за поттикнување инвестиции може да се гласа за текстови со кои ќе се поништи граѓанската контрола врз одлуките што ја засегаат природата. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Два проблема што Бугарија не може да ги реши

Следно

Пет лица загинаа од торнада во САД, меѓу кои и четиримесечно бебе

Latest from Blog

Трипуновски: Секој кој има штета ќе биде обештетен

Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски присуствуваше на прес-конференција на Управувачкиот комитет за справување со кризи кој во проширен состав заседаваше во МВР. Во регионот каде што е пожарот во

Џон Малкович за аферата со убавата Мишел Фајфер: Кога ќе ја преминете границата, нема враќање

 Двајцата биле во брак во тоа време, а нивната романса од снимањето се прелеала и во реалниот живот. Во историската романса од 1988 година, режирана од Стивен Фрирс, Малкович и Фајфер ги
Go toTop