Бугарскиот претседател Радев во посета на Косово

December 22, 2023
1 min read

ПРИШТИНА (АА) – Претседателот на Бугарија, Румен Радев, реализира официјална посета на Косово, јавува Анадолу.

Радев во косовскиот главен град Приштина беше пречекан со високи државни почести од страна на претседателката на Косово, Вјоса Османи.

По средбата што траеше околу 2 часа, Османи и Радев одржаа заедничка прес-конференција.

Османи нагласи дека оваа средба доаѓа по нејзината посета на Бугарија минатата година.

Таа рече дека од 1999 година е означен првиот ангажман на Бугарија за мирот во Косово, а Бугарија продолжува да го поддржува Косово во секоја понатамошна фаза, со учеството во КФОР, и со членството на Косово во меѓународните организации.

Османи нагласи дека знаејќи ги безбедносните предизвици, неопходно е Косово да направи чекори напред во членството во НАТО, а исто така рече дека Косово има надеж во поддршката на Бугарија за членството на Косово во ЕУ.

„Храброто лидерство и решителните чекори на нашите сојузници во евроатлантското семејство се неопходни за да се забрза приемот заснован на заслуги на демократските земји од регионот и во ЕУ и во НАТО, бидејќи секое двоумење би создало вакуум давајќи им можности на злонамерните актери да го дестабилизираат не само Косово, туку и регионот и пошироко“, нагласи Османи.

Косовската претседателка рече дека Косово ја гледа Бугарија како пријателска земја, како партнер и сојузник, затоа е подготвено да соработува во различни полиња на билатералното партнерство, од економијата, безбедноста и образованието, сѐ до областа на безбедноста и одбраната.

Претседателот на Бугарија, Радев, укажа на високото ниво на политички дијалог меѓу Косово и Бугарија, потенцирајќи дека на средбата со Османи разговарале за конкретни чекори за развој на меѓудржавните односи.

Тој рече дека размената на стоки меѓу Косово и Бугарија сѐ уште има потенцијал за понатамошен развој, додека, како што рече, има потреба од конкретизирање на актуелните меморандуми и потпишување на нови договори на овој план.

Радев истакна дека Бугарија и Косово имаат потенцијал за продлабочување на соработката во многу области како што се енергетиката, земјоделството, образованието, науката, културата и туризмот и треба да соработуваат за заедничко производство на трет пазар.

„Кога зборуваме за интеграцијата, не можеме да дозволиме Косово да биде оставено само на полето на безбедноста, а постигнувањето сеопфатен договор за неутрализирање на тензиите меѓу Белград и Приштина е важно за безбедноста, стабилноста и благосостојбата на нашиот регион, особено во комплицираниот геополитички контекст во кој моментално се наоѓаме“, рече Радев.

Бугарскиот претседател нагласи дека Бугарија е една од првите земји што ја призна независноста на Косово во 2008 година, додавајќи дека бугарската држава ќе го поддржи членството на Косово во Советот на Европа.

По средбата со Османи, Радев ќе се сретне и со премиерот на Косово, Албин Курти.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Блага Петреска, Стојне, Мерак Меана, Пауза за ракија – Град Скопје ја објави новогодишната програма

Следно

Финансиската полиција во понеделник влегува во Град Скопје

Latest from Blog

Во четвртиот квартал лани 1.004 новоизградени станови, во фаза на градба се 26.522

Во Регистарот на цени и закупнини, во периодот од октомври до декември 2025 година, на целата територија на државава регистрирани се 1.004 новоизградени станови, односно станови од инвеститор, што е за 159

Карик: Никој не може да гарантира дека ќе победиме и на следниот натпревар

фото: Manchester Utd (X) Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, не верува дека победите на фудбалските натпревари можат да бидат загарантирани. „Црвените ѓаволи“ претходно ја обезбедија својата четврта последователна победа, победувајќи го

Нобеловка доби дополнителни 7 години затвор- не смеела да штрајкува со глад

Иран ја осуди активистката за човекови права и добитничка на Нобелова награда за мир, Наргес Мохамади, на дополнителни седум години затвор откако таа започна штрајк со глад, соопштија денес нејзините поддржувачи, повикувајќи

Мицкоски: Вистинскиот избор за заедничка иднина, избрани претседатели на партиски комисии

На првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се донела одлука за распишување огласи за избор на нови претседатели на Унијата на млади сили, Унијата на жени, Унијата

Меморијалниот проект „Патека на бесконечноста“ ќе се гради во Стар парк во Кочани

Здружението „16 март 2025 Кочани“ официјално доби одлука од Општина Кочани со која им се одобрува користење простор во Стар парк за реализација на меморијалниот проект „Патека на бесконечноста“. Овој простор е
Go toTop