Бугарскиот Парламент ја прифати оставката на владата

March 6, 2024
1 min read

Владата ќе продолжи да ги извршува своите обврски во оставка до избор на нова. Сепак, преговорите меѓу ГЕРБ и „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“ се уште не се почнати, а тие треба да одговорат на тоа како точно ќе продолжи формулата за управување и каков документ ќе биде потпишан за ова. ПП-ДБ бара разговорите да започнат што е можно поскоро, но според ГЕРБ тие не можат да се одржат додека Габриел е во странство.

Оставката на Денков е дел од „џентлменскиот договор“ постигнат пред девет месеци меѓу ГЕРБ и ПП-ДБ, со кој се предвидува Денков да поднесе оставка девет месеци по одобрувањето на кабинетот од Народното собрание, за да може оваа функција, во следните девет месеци да ја извршува Габриел од ГЕРБ.

Откако е изгласана оставката на владата, претседателот сега мора да ги повика партиите застапени во парламентот на консултации пред да почне повторно да ги дели мандатите за формирање влада. Според основниот закон, Румен Радев мора прво да и достави една на најголемата пратеничка група, која во случајов е таа на ГЕРБ, која ќе има рок од 7 дена да го реализира мандатот или да го врати.

Доколку во меѓувреме партијата на Бојко Борисов и ПП-ДБ постигнат договор за механизмите на владеење, веројатно Габриел ќе го врати првиот мандат. И да не се случи тоа, сепак, двете формации имаат уште една можност да формираат заеднички кабинет – со вториот мандат, кој ќе и биде предаден на ПП-ДБ, со повторно рок од 7 дена. Хипотетички, ако и вториот мандат се врати нереализиран, претседателот мора да предаде трет, но на политичка сила по негов избор. Досега секогаш беше БСП. По евентуален неуспех во третиот мандат – закажан е датум за нови парламентарни избори.

Борисов и Габриел отсуствуваа од пленарната сала за време на гласањето бидејќи ќе учествуваат на конгресот на Европската народна партија (ЕПП) во Букурешт за поддршка на номинацијата на Урсула фон дер Лајен за втор мандат на чело на Европската комисија.

Денков пред пратениците истакна дека оставката на владата е покана до ГЕРБ да ги започне преговорите за ротацијата. Според него, во наредните денови ќе бидат презентирани резултатите од кабинетот за изминатите девет месеци, а пред пратениците наведе дел од постигнувањата на извршната власт.

Тој го истакна позитивниот раст на економијата од 2 отсто, контролата на инфлацијата и зголемувањето на платите во повеќе сектори. Некои од неговите зборови беа дочекани со потсмев од пратениците на ГЕРБ.

„И покрај амбиентот на дезинформации, саботажи, напади и провокации, ние сме подготвени да продолжиме со реализација на зацртаните приоритети и програмата за управување со премиерката Марија Габриел“, рече Денков, кој посебно им се заблагодари на Габриел, министрите и народните претставници, кои ја поддржа оваа влада.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Скопскиот суд се прогласи за ненадлежен за обвинението против Рамиз Мерко

Следно

Русија: Нуклеарните постројки во Северна Европа ќе бидат „легитимни цели“

Latest from Blog

Божиновска: Македонија активно ги следи глобалните процеси за енергетска транзиција

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ќе биде дел од државната делегација на Република Северна Македонија, предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која од 10 до 13 ноември 2026 година

Николоски: Го зајакнуваме стратешкото партнерство со Обединетото Кралство

Заменик  претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам. Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на

По примерот на ЕУ и Велика Британија, дали Македонија ќе отвори пат за стратешки рударски проекти?

Велика Британија треба да го следи примерот на Европската Унија и да воведе модел за означување и поддршка на стратешки рударски проекти, оценува парламентарната Комисија за бизнис, иновации, наука и трговија. Во

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот
Go toTop