Бугарија и натаму со најголема смртност во ЕУ

March 8, 2023
1 min read

Со 1.787 смртни случаи на 100.000 луѓе, Бугарија е на врвот во однос на смртноста во рамки на Европската Унија, според актуелните податоци на Евростат за 2020 година. По Бугарија следуваат Романија (1.622), Унгарија (1.513), Литванија (1.482) и Летонија ( 1 445).

На спротивната страна, како земји со најниски стапки на смртност во земјите на ЕУ се Франција (863 смртни случаи на 100.000 жители) и Ирска (892), потоа Луксембург (905), Финска (917) и Шпанија (919).

Бугарија има и најголем удел на смртни случаи од болести на циркулаторниот систем (61%), додека најмал е во Франција (20%). Најголем удел на смртни случаи поради рак е забележан во Ирска (29%), а најмал удел во Бугарија (15%), но статистиката за онколошките болести во Бугарија е под знак прашалник поради систематските пропусти во управувањето со Националниот регистар за рак, пишува медиапул.бг.

Во 2020 година, и покрај пандемијата на „Ковид-19“, болестите на циркулаторниот систем се главната причина за смртност во сите земји на ЕУ, освен Данска, Ирска, Франција и Холандија, каде што ракот е главната причина. Овие две групи на болести остануваат водечка причина за смртност и вкупно 1,7 милиони луѓе починале од циркулаторни заболувања и речиси 1,2 милиони починале од рак.

Болестите на циркулаторниот систем и ракот заедно сочинуваат 55 отсто од причините за смрт во ЕУ, што се движи од 42 проценти во Белгија и 76 отсто во Бугарија.

Во годината на избувнувањето, Ковид-19 беше трета водечка причина за смрт во ЕУ, со над 439.000 смртни случаи. Највисока стапка на смртност поради Ковид-19 е забележана во Белгија (18 проценти) и Шпанија (15 проценти), а најниска во Финска и Естонија (и двете по еден процент).

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Прва пленарна седница: Има напредок во родовата еднаквост, но постојат уште многу предизвици со кои мора да се соочуваме

Следно

Нападнат тренерот на ФК Беласица, се огласија од клубот

Latest from Blog

Полувреме во Њу Џерси: “Страшната“ Франција игра СТРАШНО здодевно

ФОТО:.facebook.com/equipedefrance/ Франција – Сенегал 0:0 по првото полувреме од меч од 1.коло во групата И на ова СП. Светскиот вицешампион и веројатно најголем фаворит за титулата просто разочара. Едноставно кажано “СТРАШНАТА“ Франција

Г7 врши притисок врз Путин: „Стопирај ја војната“

Г7 разгледува дополнителни санкции насочени кон приходите од енергија на Русија, кои се еден од главните извори на финансирање на воените напори, објави Франс 24, повикувајќи се на француски дипломатски извор. Лидерите,

Одлука за живот по смртта: Личната волја станува клучна за дарување органи

Органодарителството во Македонија добива нов импулс со најавените законски измени според кои секој полнолетен и деловно способен граѓанин ќе може однапред да се изјасни дали сака по смртта да биде дарител на

Азија се уште без пораз на Мундијалот!

фото: FIFA World Cup Stats (X) Репрезентациите од Азија се уште немаат ниту еден пораз на ова Светско првенство. Во првото коло од групната фаза досега настапија 6 од 9-те претставници на

Димитриеска-Кочоска: ИФЦ е клучен партнер за инвестиции и економска трансформација на Македонија

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска се обрати на првиот „Ден на ИФЦ“ во Македонија, настан организиран од Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ). Во своето обраќање, министерката истакна дека во услови на глобални предизвици,
Go toTop